Не дај боже да се разболиш во САД!
Објавено во: Анализа 26 Октомври, 2013 10:07
Американците трошат најмногу пари во сооднос на БДП. Скоро 18% или 8,500 долари по глава на жител. Тоа се повеќе од 2,3 трилиони долари вкупно.
Половина од тој износ го плаќа државата. Како што гледате во другите земји тој процент е значително поголем (во Норвешка е 80%). Тоа е и основната разлика меѓу системот на САД и останатите земји.
Сепак и покрај толку дадени пари, американците одат просечно по четири пати на доктор, за разлика од Гермаците кои иако трошат двапати помалку пари на здравство, на лекар одат два пати повеќе. Тоа не е дека се понездрави туку очигледно, дека многу помалку ги чини.
Од десно е цената на Липитор, најпродаваниот лек во светот. Од 1996 година има генрирано приходи од повеќе од 120 милијарди долари. Погледнете ја разлика во цена во САД и во другуте земји. Истото важи и за лекот од левата страна Цимбалта, лек кој се зема против депресија и анксиозност.
И логично ако треба да платите бајпас или операција на колено, најлошо е да живеете во САД.
И за крај погубниот показател. И покрај тоа што се трошат толку многу пари луѓето во САД не живеат баш толку долго, па да им се исплати трошокот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





