Не е исклучена можноста повторно да има карантин
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Март, 2021
Министерот за здравство, Венко Филипче за Тв 24 изјави дека не се исклучува можноста за карантин. Смета дека младите не ги почитуваат превентивните мерки и продолжуваат со комуникацијата и тие се голем преносител на вирусот. Вели дека следниот период ќе има простор да се видат резултатите од полицискиот час.
Министерот рече дека многу е важно во делот на вакцинирањето како стратегија да се обрне внимание на приоритетната група. Тоа се здравствените работници и ќе бидеме една од ретките земји во регионот и Европа каде сите здравствените работници кои работат со ковид се имунизирани.
„Интересот е 80 отсто кај здравствените работници. 20 отсто не се јавуваат од закажаните на вакцинација“, рече Филипче.
Од Лекарската комора бараат построги мерки поради зголемениот број на заболени од коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.