Не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, порача Филипче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Февруари, 2021
Moжни се нови мерки затоа што британскиот сој на коронавирусот се шири. За оваа опција зборуваше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
„Британскиот сој на вирусот се шири и поради тоа не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, на локално ниво или на територија на цела држава. Засега немаме индиции дека такви мерки треба да препорачаме, но ќе направиме дополнителни анализи“, изјави тој.
Во Охрид, Прилеп и Кавадарци се зголеми бројот на заболени. Според епидемиолозите растот на бројките се должи на мутациите, но и на непочитувањето на мерките.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.