Не е ниту Германија, ниту Франција: Друга земја е „моторот“ на растот во еврозоната
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2025 21:24
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми својата прогноза за раст на еврозоната за 2025 година, поттикната од шпанската економија и малото подобрување во Германија и Франција.
Се очекува економскиот раст на еврозоната да изнесува 1,2 отсто оваа година, што е за 0,2 процентни поени повеќе во однос на претходните прогнози на таа институција од Вашингтон објавени во јули. За 2026 година се предвидува раст од 1,1 отсто, што е за 0,1 процентен поен помалку од претходната прогноза.
Најдинамична економија меѓу главните развиени земји е Шпанија, чиј раст се зголеми на 2,9 отсто оваа година и се очекува да порасне за два отсто во 2026 година, што е за 0,2 процентни поени повисоко од претходната прогноза.
„Шпанија е моторот на растот на главните светски економии“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез на мрежата X.
Шпанската влада предвидува раст на БДП за 2025 година од 2,7 отсто.
Германската економија ќе се зголеми малку позначајно во 2026 година на 0,9 отсто, предвидува ММФ. Франција треба да забележи раст од 0,7 отсто оваа година (што е за 0,1 процентен поен повисоко од претходната прогноза на ММФ), а следната година треба да има раст од 0,9 отсто (0,1 процентен поен помалку од претходно прогнозираниот), пренесува Н1.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен





