„НЕ Е ПРАШАЊЕ ДАЛИ ВУЧИЌ ЌЕ ПАДНЕ, ТУКУ КОГА И НА КОЈ НАЧИН“: Ризикот од немири е голем, оценка на професор од Белград
Објавено во: Балкан 15 Март, 2025 08:25
Зоран Стојиљковиќ, професор на белградскиот Факултет за политички науки (ФПН), за Н1 изјави дека ова е критичен момент.
„Немало поодржлив и помасовен протест од доаѓањето на Вучиќ на власт. А она што загрижува е што протестот има национален карактер. Нормално, прво протестираат граѓаните од поурбаните делови на земјата, но овој пат се побунија сите слоеви на општеството, од цела Србија.
Стојиљковиќ е убеден дека прашање не е дали Вучиќ ќе падне, туку кога тоа ќе се случи.
„Тој сега купува време со надеж дека со некаков маневар повторно ќе успее да остане таму каде што е, но прашање е само кога ќе замине. И на кој начин. Се надевам дека ќе го препознае моментот и ќе се повлече достоинствено, без насилство, но сето она што го покажа речиси 13 години навестува дека до последен момент ќе се бори за својата позиција“, смета тој.
Тој не исклучува можни немири за време на протестите во Белград.
Ќе видиме дали властите ќе посегнат на провокација или ќе дозволат собирот да се одржи нормално, а потоа ќе почне да го девалвира. Ризикот од немири е голем, но можно е полицијата само да ги заштити клучните институции, за демонстрантите да не ги „окупираат“. Очекувам и демонстрантите да покажат решителност и сѐ да помине мирно.
фото: Х* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





