18 Декември, 2025
0.0450

Не е точно дека за 700 евра месечно – Грците сами се инфицираат со ХИВ!?

Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2013 19:59

Добивај вести на Viber

Грешка е тврдењето дека поради економската криза Грците дами се заразувале со ХИВ вирусот за да земат дополнителна парична помош од државата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) која се извини поради грешката. Од СЗО посочија сдека се повлечени тврдењата, кои инаку се најдоа во извештајот, дека некои Грци заразувале со  ХИВ поради месечна социјална помош од 700 евра. Во извештајот „Преглед на социјалните фактори и здравствената поделба во европскиот регион“ сои дека невработеноста и мерките за штедење силно ги погодиле жителите во Грција. Така, се додава во него, бројот на заболени од ХИВ во Грција има значителен пораст од 2008 година. Бројот на новозаразени лица продолжил да расте, па од 22 случаи во 2010 година се зголемил на 245 случаи во 2011 година, сооопшти Европскиот центар за спречување и контрола на болестите, додавајќи дека е можно половина од новите случаи да се резултат на намерна зараза на нарко зависници, кои сакале да се квалификуваат за добивање социјална помош. „Немаме цврсти докази за такви тврдења. Во извештајот би требало да стои дека половина од новозаразените се регистрирани во групата интравенски нарко зависници и дека постојат извесни тврдења дека некои намерно го предизвикале тоа поради парична помош, но СЗО нема докази дека тие наводи се вистинити“, вели за  „Ал Џезеира“, портпаролот на СЗО Глен Томас.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии