НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС, КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ ТЕЖАТ 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - еве кои се главните „капиталци“ на берзата

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2024
Расте вредноста на македонските компании што котираат на Берзата. Вкупната пазарна капитализација на котираните друштва се зголемила за 5,16 отсто во јануари во однос на претходниот месец.
Или, според пресметките на Берзата, вкупната пазарна капитализација на компаниите што котираат на пазарот на капитал тежи безмалку 4 милијарди евра, односно прецизно 3,955 милијарди евра.
Македонскиот бизнис, сепак, и не е толку за потценување доколку се има предвид оваа бројка, која, пак, покажува колку пари би се зеле доколку во еден момент се продадат сите акции на една компанија, или, во конкретниов случај, на сите македонски компании.
Сепак, од овие четири милијарди евра, најголемиот дел се должи на неколку компании, кои ја имаат највисоката пазарна капитализација.
Акциите на Македонски Телеком, доколку сите се продадат во исти ден, за нив ќе се земе сума од над 623 милиони евра. Со тоа Телеком останува компанија со највисока пазарна капитализација на македонскиот пазар на капитал.
Следува Комерцијална банка, акционерско друштво чија акција во јануари беше меѓу петте акции со највисок пораст на цената, и беше убедливо најтргувана акција на берзата во првиот месец од годинава. Комерцијална банка по својата пазарна капитализација се доближува до 600 милиони евра или прецизно 589 милиони евра.
Трета по висона според пазарната капитализација е НЛБ Банка, па доколку нејзините акции се продадат во исти ден, за оваа банка некој вкупно би требало да плати 455 милиони евра, или близу половина милијарди евра. Акцијата на оваа банка е исто така една од најтргуваните и најбрзо растечките на пазарот на капитал.
Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ според пазарната капитализација исто така се доближува до половина милијарда евра или прецизно на крајот на јануари годинава, за кога е изработен последниот берзански билтен, акциите на „Алкалоид“ во еден исти ден би се продале за 450 милиони евра. Акцијата на „Алкалоид“ е една од најтргуваните и најатрактивните акции за инвеститорската јавност во земјава.
Со пазарна капитализација од близу 400 милиони евра или прецизно 393 милиони евра е и уште една банка, односно Стопанска банка Скопје, чија акција исто така е постојано меѓу главнитѕе носители на прометот.
Нафтената компанија „Макпетрол“ има пазарна капитализација од 118 милиони евра, „Гранит“ има 58 милиони, и уште една банка, УНИ Банка, на крајот на јануари имала пазарна капитализација од 56 милиони евра. Македонија турист имала пазарна капитализација од над 37, а Макстил од над 32 милиони евра.
Или, овие 10 акционерски друштва имаат вкупна пазарна капитализација од 2,81 милијарди евра, значи многу повеќе од половината од сите околу стотина котирани акционерски друштва.
Сите други компании заедно имаат пазарна капитализација од 1,03 милијарди евра.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки

„НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ЗА СТРУЈА И ФИКСИРАЊЕ НА МАРЖИТЕ“: Филипче предлага сет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните

ИМ ПРЕСУДИЈА НАФТАТА И ГАСОТ: Како една европска земја потона во рецесија

Работна средба Узунчев –Рокас: ЕУ е стратешки партнер на АД ЕСМ во новиот инвестициски циклус
Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

„МАРКЕТЏИИТЕ“ СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ, БАРААТ ИТНА СРЕДБА СО ВЛАДАТА: „Одлуката за ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на 86 фирми, со 790 продавници и 4.700 вработени

НЕЛОГИЧНО Е ДА ИМА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ОД 3 ОТСТО, А ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И ДО 30 ПОСТО: Битиќи вели граѓаните живеат се потешко
