26 Април, 2024
0.0275

НЕ МОЖЕ ДА ЗАСТАНЕ НА НОЗЕ - Еве во каква состојба е осумгодишното девојче спасено од заробеништвото од сопствениот татко

Објавено во: Балкан 31 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Состојбата на осумгодишното девојче кое беше пронајдено во заробеништво во стан во Миријево каде што го држел нејзиниот татко Урош Пашајлиќ (37), поради тешката неухранетост и понатаму е лоша. Девојчето тежи само 10 килограми и едвај стои на нозе.

- Девојчето е сместено во установата Тиршова, на рехидратација која и е неопходна поради тешка и долготрајна неухранетост. Исклучително е слаба, малку луѓе имаат контакт со неа, а храната и се дава преку инфузија -  објаснуваат од установата.

Од друга страна, како што пишува Блиц, девојчето е преслабо за нејзините години.

- Таа има осум години и има само 10 килограми. Таа е премногу слаба за нејзината возраст. Не може ни на нозе да застане. Знае да си го каже името и презимето, бара чоколадо, но сето тоа го кажува многу тивко. Изговара одредени зборови и реченици многу неразбирливо или воопшто не знае да ги каже - наведува порталот.

Да потсетиме, како што соопшти претходно заштитникот на граѓаните Зоран Пашалиќ, девојчето не било вакцинирано. Исто така, таа не била ниту пријавена во здравствениот дом „Ѕвездара“.

Случајот со приведеното девојче ја вознемири јавноста во Србија.

Целиот случај е откриен откако И.Л. го пријавила за насилство нејзиниот партнер Урош Пашајлиќ. Таа успеала да му побегне и отишла во полициска станица каде рекла дека Пашајлиќ го чува детето во заробеништво во станот.

Полицијата веднаш излегла на местото и го пронашла девојчето во лоша состојба.

Пашајлиќ вчера беше на распит во Првото основно јавно обвинителство во Белград. На рочиштето тој се бранеше со молчење и во таа прилика изјави дека подолго време користел дрога и алкохол.

По рочиштето, судот му одреди мерка притвор до 30 дена.

Како што беше откриено во текот на истрагата, Пашајлиќ ја држел својата ќерка во заробеништво повеќе од две години.

- Нејзините анализи се под нормалата. Нејзиниот имунолошки систем е многу лош. Таа е дехидрирана и неухранета. Со храната и се воведува постепено, не наеднаш - вели изворот на „Блиц“.

Медиумите објавуваат дека девојчето не може да биде прегледано од хирурзи, бидејќи штом ќе види маж, таа почнува да плаче и да се брани.

- Вика, крева раце како да сака да се брани. Таа го држи за стомак и постојано плаче штом и пријде машко лице. Психолозите ќе работат со неа во наредниот период, ќе треба многу време за да се опорави девојката. Најтешките последици ќе бидат психолошки - наведува нашиот соговорник.

Можеби ќе ве интересира

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството