НЕ ОДЕТЕ НА НИВ: Кои се највалканите плажи на Црно Море?
Објавено во: Балкан 31 Мај, 2016
Последните податоци на Европската агенција за животна средина покажуваат дека две од трите највалкани плажи по Црно Море се во Варна.
На почетокот на новата сезона, станува јасно дека тоа се офицерската и Централната плажа, кои со години се загадени поради канал.
Третата ризична плажа за здравјето е Централната во Лозенец (бугарско село).
Според податоците од минатата година морската вода во одморалиштата е чиста. Првите примероци за оваа сезона не покажуваат алармантни резултати, но на ризичните градски плажи има покачени бактерии на Ешерихија коли и цревни ентерококи.
Прочитајте и за оваа статија
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/05/31/ne-mora-da-bide-samo-grtsija-odmor-pet-mesta-koi-sekoj-od-vas-mozhe-da-si-gi-dozvoli/" target="blank" ]НЕ МОРА ДА БИДЕ САМО ГРЦИЈА ОДМОР: Пет места кои секој од вас може да си ги дозволи[/button]