01 Април, 2025
0.0262

НЕ ОСТАНА ЧОВЕК ДА ЧИСТИ ПО СТАНОВИ И ФИРМИ - за убедливо најбараното занимање, хигиеничар на станбен и деловен простор, се слободни дури 666 работни места

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Ако сте хигиеничар, во моментов најлесно ќе најдете работа во Македонија. Најновите податоци на Агенцијата за вработување говорат дека во моментов има дури 666 слободни работни места за занимањето хигиеничар на станбен и деловен простор.

Или во превод, граѓаните, но и компаниите, колку и да се жалат дека немаат пари, по се изгледа дека преферираат некој друг да им ги исчисти домовите и деловните простории, отколку да се мачат тоа да го прават сами. Особено големите компании со големи работни површини, кои секако дека се принудени да ги користат услугите на хигиеничарите. Токму затоа за хигиеничарите на станбен и деловен простор засега „нема зима“, бидејќи работните места кои се слободни за тоа занимање, во моментов се дури 666 на број.

Инаку, овие статистики се прават врз основа на огласените пријави за потреба на работници од страна на работодавачите, и се ажурираат постојано.

Во моментов се слободни 6.593 работни места, говорат бројките на Агенцијата за вработување.

Анкетата на работната сила на Агенцијата за вработување говори и дека второ најбарано занимање во земјава е општ работник, со 412 слободни работни места.

А, листата на Агенцијата говори и дека занимањето продавач е исто така „добитно“ во овој период, односно дека буквално како да владее јагма за продавачи, па за ова занимање во моментов се слободни 405 работни места. Доказ за тоа се и сликите по маркетите во кои често можете да видите или многу постари продавачки или продавачи, или многу млади, кои веќе нашле вработување во трговијата.

Следуваат и многу други занимања на листата, но за нив веќе има многу помалку работни места. Па така, за занимањето келнер се отворени 250 работни места, додека, пак, за постојано бараната професија - возач на камион, во моментов има 203 слободни работни места.

Се барале и шанкери, возачи на такси и готвачи, со 128, 126 и 116 слободни работни места, соодветно, покажува најновата анкета.

Занимањето програмер, пак, кое и натаму останува да биде најплатено, е на деветтата позиција по бараност, и за него има отворени 103 слободни работни места.

Следуваат контролор за квалитет на производство, фармацевтски техничар и возач на товарно возило со 94 слободни места, потоа администратор со 92, возач на лесно доставни товарни возила со 83, фармацевт со 82, магационер со 79, бравар со 75, градежен работник со 73, и уште неколку занимања за кои има по над 50 слободни работни места.

Кога станува збор за слободни работни места по дејности, пак, на прво место е трговијата на големо и мало, како и поправките, со 1.281 слободно место, а по неа следува преработувачката индустрија, со 1.116 места.

На трето место се административни и помошни услужни деј ности, со слободни 757 места, а во објекти за сместување и сервисни дејности со храна се бараат 665 работници. Во градежништвото има 628 слободни работни места.

Додека, пак, ако се гледа по градови, Скопје е прв, со слободни 3.822 работни места. На второ место е Тетово, со 420, а на трето Куманово со 366 слободни места.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

СМЕДЕРЕВКА ОД МАКЕДОНИЈА ПРОДАВАНА КАКО ВРВНО ФРАНЦУСКО ВИНО, НАД 250 ЕВРА ПО ШИШЕ - енологот од Франција: Го мешаат со газирана вода и го пијат со плескавица на јаглен

СМЕДЕРЕВКА ОД МАКЕДОНИЈА ПРОДАВАНА КАКО ВРВНО ФРАНЦУСКО ВИНО, НАД 250 ЕВРА ПО ШИШЕ - енологот од Франција: Го мешаат со газирана вода и го пијат со плескавица на јаглен

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки

КОЈ Е ШВАЈЦАРСКИОТ МИЛИЈАРДЕР КОЈ КУПИ ДВЕ КЛУЧНИ ПРИСТАНИШТА ВО ПАНАМСКИОТ КАНАЛ: Потрошија повеќе од 40 милијарди долари

КОЈ Е ШВАЈЦАРСКИОТ МИЛИЈАРДЕР КОЈ КУПИ ДВЕ КЛУЧНИ ПРИСТАНИШТА ВО ПАНАМСКИОТ КАНАЛ: Потрошија повеќе од 40 милијарди долари