22 Ноември, 2024
0.0294

НЕ ПРАВЕТЕ ГРЕШКИ: Kaко да се подготвите за интервју за работа?

Објавено во: Економија 15 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Постојат повеќе чекори со помош на кои ќе се подготвите за интервју за работа. Ова им создава недоумица на многу кандидати кои се во потрага по вработување. 

Изабела Христовска Шкоф, сертифицирана кариерна советничка вели дека прво треба да се информирате и да истражите за каков тип на компанија станува збор и какви кадри бараат. Треба да проверите дали поседувате вештини за конкретното работно место.  Додава дека е потребно истражување на историјата на компанијата и производите/ услугите кои ги нуди, нивната мисија, визија и вредности, но исто така и детално запознавање со огласот за работа и вештините кои се бараат на работното место, а се совпаѓаат со вештините на кандидатот. 

„Подготовка за интервјуто - вежбањето на одговорите за најчесто поставувани прашања на интервју е можеби и најважниот чекор доколку сакате да оставите добар впечаток. Со цел да го дадете најдобриот одговор кога ви е поставено прашање користете го STAR методот секогаш кога ви е поставено прашање поврзано со вашето искуство, однесување, или пак техничко прашање. На пример „Можете ли да ни дадете пример за одредена грешка која сте ја направиле на претходното работно место и како сте се справиле со истата?“. Објаснување на пошироката ситуација или контекстот на проблемот со кој сте се соочиле. Пример, во претходната улога на лидер на тимот, се соочивме со обемна задача која требаше да се заврши во краток рок и да се презентира пред клиентот. Објаснете ја задачата или целта која сте се обидувале да ја постигнете. Пример,  мојата задача беше да го координирам тимот за дизајн, да ги соберам сите информации на едно место и да ја подготвам финалната презентација. Меѓутоа, сфатив дека не сум искомуницирал/а ефикасно со тимот дека рокот е критичен, а голем дел од тимот истовремено работеше и на други проекти на кои им ставиле приоритет пред презентацијата. Објаснете каква акција сте презеле за да ја решите ситуацијата. Пример, со цел да се реши проблемот, договорив состанок со тимот, им го објаснив проблемот и заедно направивме реорганизација на работните задачи со цел да ја завршиме презентацијата навреме. Потенцирав колку е важна јасната комуникација и им објаснив како можеме сите да се подобриме во иднина. Објаснете кој бил резултатот на вашиот труд, дали сте ја постигнале целта и што сте научиле од процесот. На пример, како резултат на тимската работа успеавме да завршиме со презентацијата во предвидениот рок, но и научив како подобро да комуницирам со својот тим и појасно да делегирам задачи“, вели таа. 

Додава дека компанијата треба да добие информации за вас, но и вие за компанијата. Добро е со вас да понесете кратка биографија и мотивационо писмо, листа на лица кои би биле препорака за вас, примери од вашата работа. Последното посебно важи за лица кои се занимаваат со креативни професии.  Бидете приспособливи и подготвени за различни формати на интервју и тоа лице в лице, виртуелно, бихејвиорално, техничко, студија на случај. Доколку чувствувате несигурност за време на овој процес, корисно е да побарате помош од кариерен советник.

„Бидете точни - тoa ќе покаже дека сте заинтересирани за работата и го почитувате времето на оној кој ве интервјуира. Облечете се соодветно - истражете го дрес-кодот и компаниската култура  и прилагодете ја гардеробата според тоа со цел да покажете почит кон компанијата. Доколку сте несигурни дали дрес-кодот на компанијата е формален или понеформален, одлучете се за поформална гардероба. За мажи тоа би значело добро прилагодено одело во конзервативна боја (сиво, сино, црно и сл.) со кошула, кравата и класични затворени обувки кои се во добра состојба. За жени тоа би значело пригодно одело со панталони, здолниште или фустан со должина под колена, кошула, обувки со затворени прсти и минимален накит. Внимавајте на говорот на телото - ракувајте се самоуверено (ниту премногу силно, ниту премногу лабаво), седете исправено, гледајте во оној на кој му се обраќате, внимавајте на тоа како ги користите вашите раце додека нешто објаснувате и секако, имајте насмевка на вашето лице.  Активно слушајте - избегнувајте да го прекинувате оној кој ве интервјуира и осигурајте се дека вашите одговори директно се однесуваат на поставеното прашање. Поставувајте прашања и истакнете го вашиот ентузијазам - поставете ги прашањата кои однапред сте ги подготвиле, но и останатите кои можеби ви паднале на памет за време на интервјуто со цел да покажете ентузијазам и да дознаете повеќе за компанијата. Бидете свои - автентичноста е многу важна и често е пресудна кога одредена компанија избира одреден кандидат“, советува  Христовска Шкоф.

По интервјуто испратете мејл за благодарност, не се разочарувајте ако не ја добиете работата и подгответе се да бидете подобри на следното интервју. 

Но, од друга страна и оние кои ве интервјуираат треба да бидат професионални. 

„Како што доцнењето е непрофесионално за кандидатот, исто така е и непрофесионално за интервјуерот. Недостаток на подготовка - доколку оној кој интервјуира не е добро запознаен со информациите кои ги доставил кандидатот. Прекинување на кандидатот - може да создаде непријатна атмосфера и на кандидатот да му даде до знаење дека неговите одговори не се толку важни. Поставување на прашања кои немаат врска со конкретната работна позиција и искуството на кандидатот. Прашања поврзани со возраст, пол, раса, брачен статус или религијата на кандидатот се несоодветни во професионалниот свет и на истите можете да одговорите со пренасочување. На пример на прашањето „Дали сте оженети/ омажени? Дали имате деца?" можете да одговорите со: „Го ценам вашиот интерес за мојот личен живот, но би сакал/а да се фокусираме на разговарање за моите квалификации поврзани со оваа позиција. Можете ли да ми кажете повеќе за тимот со кој ќе работам?" Недостаток на транспарентност - недостатокот на јасни информации за работата, компанијата или процесот на интервју од страна на оној кој го води процесот на интервју може да остават лош впечаток за целата компанија“, вели нашата соговорничка. 

Таа додава дека по завршување со интервјуто, професионално е да се известат сите кандидати кои поминале низ процесот на интервју за резултатот без разлика на тоа дали ја добиле конкретната позиција или не.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/annastills

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria