НЕ САКААТ ДА ЗАЗЕМАТ ТЕРИТОРИЈА: Руските партизани сакаат да го посрамотат Путин
Објавено во: Свет 18 Март, 2024
Три баталјони составени од руски државјани деновиве, но и претходно упаѓаа на руска територија.
Тие го заземаа селото Козинка во Белгородската област, принудувајќи ги локалните власти да повикаат на евакуација на цивилите.
Пјотр Зочовски, аналитичар во полскиот Центар за источни студии, минатата година овие дејствија ги опиша како „субверзивни, психолошки операции“ на руските доброволци на украинската страна, кои дејствуваат од украинска територија од почетокот на целосна инвазија.
Нивната цел не е да заземат територија, туку сакаат да го посрамотат и делегитимираат рускиот претседател Владимир Путин. Тие упаднаа во денови кога се одржуваат избори во Русија.
„Дури и ако овие операции имаат мало воено значење, тие ги откриваат слабостите на руските сили, чија задача е да ја заштитат границата, како и нивната ограничена способност брзо да реагираат на такви инциденти“, коментира аналитичарот.
Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години.