19 Декември, 2025
0.0464

НЕ СЕ ГЛЕДАМ СЕБЕСИ КАКО КРАЛИЦА НА ЗЕМЈАТА, Дијана уште пред разводот не очекувала дека ќе седне во кралското столче

Објавено во: Свет 11 Септември, 2022 08:26

Добивај вести на Viber

Со веста за смртта на кралицата Елизабета која почина во четвртокот, многумина се потсетија и на трагичната смрт на принцезата Дијана.

- Би сакала да бидам кралица на срцата на луѓето, во срцата на луѓето, но не се гледам себеси како кралица на оваа земја - му рекла принцезата Дијана на новинарот Мартин Башир во нејзиното познато ТВ интервју во 1995 година.

Во времето кога го даде интервјуто, таа беше разделена од нејзиниот сопруг речиси три години, но изјавата одекна како бомба низ целата нација, се сеќава Њујорк пост.

И тоа беше предвидување кое се покажа точно. Кога Дајана и принцот Чарлс се разведоа осум месеци подоцна, принцезата се откажа од правото да биде следната англиска кралица. Таа, исто така, мораше да се откаже од титулата „HRH“ (Нејзиното кралско височество). По разводот беше договорено нејзината нова титула да биде Дијана, принцезата од Велс, пренесува „Курир.рс“.

Иако кралицата беше подготвена да и дозволи на Дијана да ја задржи титулата HRH, според некои извештаи, принцот Чарлс инсистирал таа да се откаже од неа.

За време на разводот, палатата криптички објави дека принцезата Дијана ќе продолжи да се смета за член на кралското семејство.

Но, дали смртта на кралицата Елизабета би влијаела на титулата на Дијана доколку принцезата не умрела во сообраќајна несреќа во 1997 година?

- Таа ќе ја задржи титулата принцеза од Велс, бидејќи тоа беше дел од првичниот договор за развод, изјави за Пост уставниот експерт д-р Роберт Морис од Уставната единица на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Меѓутоа, ако принцезата повторно се омажи, таа ќе ја изгуби титулата и најверојатно ќе се врати да биде Лејди Дијана. Според батлерот на Дијана, Пол Бурел, кога Дијана ја изгубила титулата HRH, 14-годишниот принц Вилијам и рекол на својата вознемирена мајка: „Не грижи се мамо, ќе ти ја вратам титулата кога ќе бидам крал“.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ