16 Септември, 2024
0.0225

„НЕ СЕ СРАМАМ ДА КАЖАМ ДЕКА ВО ЖИВОТОТ СУМ ИМАЛ И ПРОПАЃАЊА, НО НИКОМУ НЕ СУМ СЕ ЖАЛЕЛ“ - популарниот Бобо Дајнерс ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Малкумина во Македонија не го познаваат Божидар Јанковски, долгогодишен директор, а од пред неколку години и целосен сопственик на Дајнерс Клуб Интернационал. Покрај тоа што е исклучително популарен и успешен бизнисмен, познатиот Бобо Дајнерс важи за еден од најурбаните, но и најдобро облечените скопски ликови.

Ексклузивно за поткастот „Бизнис муабети“, кој се емитува на нашиот портал Фактор, Јанковски ја раскажа својата деловна, но и животна приказна, во која открива многу интересни детали. На пример, дека имал и тешки моменти во животот, а одредени бизнис и пропаднале, но тој продолжувал понатаму. 

Откако тој е во „Дајнерс“, повеќе од 20 години, Бобо открива дека компанијата постојано работи профитабилно. 

„За промет е беспредметно да се зборува, но можеме да зборуваме за профит. Дајнерс клуб, откога сум јас, нема година која компанијата не ја завршила со профит. Некогаш со поголем, некогаш со помал. Профитите се движат од 100 илјади, 200, 300, па до 400 илјади евра годишно, и така натаму“, открива овој бизнисмен.

Тој не се срами да каже дека имал и многу тешки моменти, во кои во прашање била доведена дури и егзистенцијата. 

„Јас имам една биографија, според која неколку пати сум пропаѓал. И јас не се срамам од тоа. Не се срамам од тоа да кажам дека сум имал свои тешки моменти. И не сакам да звучи ова дека се жалам, но ми била доведена во прашање егзистенција. И на кого тогаш да се жалам. На татко ми, кој бил во Филхармонија, или, пак, на мајка ми, која работеше како новинар, а потоа и како службеник во министерство. И, што да им кажам - еј, види, ни пропадна бизнисот, сега јас имам проблем, и сега што ќе правиме“, објаснува Јанковски.

На прашањето на нашиот водител Мишко Иванов колку бизниси му имаат пропаднато, Бобо Дајнерс одговара дека тоа биле неколку.

„Неколку ми успеаја, неколку ми пропаднаа, некои ги напуштив. Тоа не е ништо страшно“, вели Јанковски. 

А, на прашањето како се кревал од овие тешки моменти, познатиот бизнисмен одговорот го започнува со „Ништо, ќе станеш наутро...“.

За повеќе детали ќе го погледнете нашиот поткаст „Бизнис муабети“ за неколку дена, кој се емитува на порталот Фактор, и тоа секој петок, само за Вас, почитувани читатели. 

Можеби ќе ве интересира

Ексклузивно: Уникредит и германската влада разговараат по превземањето на Комерцбанк

Ексклузивно: Уникредит и германската влада разговараат по превземањето на Комерцбанк

НАДВОР ОД СИТЕ ОЧЕКУВАЊА: Кинескиот извоз расте

НАДВОР ОД СИТЕ ОЧЕКУВАЊА: Кинескиот извоз расте

ДВА ГОЛЕМИ ГИГАНТИ ВО КОЛАПС? Работниците масовно одбиваат да работат поради ниските плати

ДВА ГОЛЕМИ ГИГАНТИ ВО КОЛАПС? Работниците масовно одбиваат да работат поради ниските плати

„ИДНИНАТА Е СТРАШНА“: Европа не смее да биде толку наивна

„ИДНИНАТА Е СТРАШНА“: Европа не смее да биде толку наивна

ЛИДЛ БАРА МЕНАЏЕРИ НА МАРКЕТИ: Еве ги деталите

ЛИДЛ БАРА МЕНАЏЕРИ НА МАРКЕТИ: Еве ги деталите

ОТПУШТЕНИ СИТЕ ВРАБОТЕНИ! Германските компании во големи проблеми- позната компанија поднесе барање за стечај

ОТПУШТЕНИ СИТЕ ВРАБОТЕНИ! Германските компании во големи проблеми- позната компанија поднесе барање за стечај

ОВАА СОСЕДНА ЗЕМЈА БУКВАЛНО ЛЕЖИ НА ЗЛАТО: Првите проценки ги надминуваат сите рекорди

ОВАА СОСЕДНА ЗЕМЈА БУКВАЛНО ЛЕЖИ НА ЗЛАТО: Првите проценки ги надминуваат сите рекорди

БИЗНИС МУАБЕТИ НА ФАКТОР СО ЗЛАТКО МУЦУНСКИ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ПОРШЕ: ВО СВЕТОТ СЕ ПРОДАВААТ ОД 65 ДО 70 МИЛИОНИ ВОЗИЛА ГОДИШНО: Ако Македонските пропорции ги ставиме во равенката, ќе бидеме една капка во океанот

ЕВЕ КАКВО ПОРШЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ МАКЕДОНЦИТЕ: Вреди 250-300 илјади евра, директорот на Порше открива за Бизнис муабети на Фактор

ЕВЕ КАКВО ПОРШЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ МАКЕДОНЦИТЕ: Вреди 250-300 илјади евра, директорот на Порше открива за Бизнис муабети на Фактор