15 Декември, 2025
0.0310

НЕ СМЕЕ НАРОДОТ ДА ПЛАЌА 10 ПАТИ ПОВЕЌЕ ЗА НОТАРСКАТА НАГРАДА - министерот Филков ќе бара повлекување на одлуката од неговиот претходник

Објавено во: Економија 31 Јули, 2024 14:48

Добивај вести на Viber

Министерот за правда Игор Филков, соопшти дека иницирал повлекување на зголемувањето на нотарската награда. Тој посочи дека ваквата одлука била донесена од неговиот претходник на заминување, Кренар Лога, пред тој да ја напушти функцијата..

„Поранешниот министер донесе одлука која треба да стапи на сила на 1 септември, со која се овозможува зголемување на цените на нотарските услуги за десет пати. Сметам дека не смее народот да плаќа нешто 10 пати повеќе, кое е донесено без широка дебата и не ја гледам смислата на истото. Ќе го слушнеме и мислењето на нотарите. Одлуката била донесена во февруари, но се чекало да поминат изборите, за ова никој не ја информирал јавноста, односно процесот бил скриен“ , вели Филков

На денешната прес-конференција министерот рече дека по негова иницијатива бара да се повлече одлуката за зголемувањето на нотарската награда.

Во првите 2-3 недели, една од темите, која ја дознав од вас, беше нотарската тарифа, односно одлуката која мојот претходник ја имаше потпишано на негово заминување. Иницирав постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа која ја донесе претходната Влада“, рече новиот министер.

Тој личноп смета дека не смее народот да плаќа 10 пати повеќе. 

„Не ја гледам смислата. Исто така, ќе разговараме и со нотарите, сакаме да го слушнеме и нивното мислење. Како што сум информиран, оваа одлука за енормното зголемување била донесена во февруари, но се чекало да поминат изборите. Притоа никој не ја информирал јавноста за ова, односно процесот бил скриен“, нагласи Филков.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети