05 Мај, 2024
0.2265

Не запира увозот на струја – 73 милиони евра се одлејаа само за седум месеци!

Објавено во: Анализа 25 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија никако да го намали увозот на струја и одливот на девизи по оваа основа. Трговците на струја во земјава тријат раце. Поголемиот дел од експертите, кои се и потпишани зад владините енерегтски стратегии, јавно не сакаат да ја коментира ваквата ситуација. Иако истите тие експерти се главните творци на енергстеките стратегии кои ги нарача Владата, не се одважија да коментираат што значи и ќе значи ваквиот тренд на пораст на увозот на струја во земјава.

Увозот на струја зема се поголем замав. Неверојатни 5,7 милиони евра чинеше увозот на електрична енергија на Македонија само во јули годинава. Податоците се уште позагрижувачки ако се анализира периодот јануари - јули годинава за кои во моментот има официјални податоци. Дури 73 милиони евра Македонија искеширала за увоз само за струја во првите седум месеци од годинава.

Поголемиот дел од енерегетските експерти во земјава, за Фактор одбиваат да го коментираат галопирачкиот раст на увозот на струја и последиците од одливот на овие пари од државата. Иако истите тие експерти се главните творци на енергстеките стратегии кои ги нарача Владата, не се одважија да коментираат што значи и ќе значи ваквиот тренд на пораст на увозот на струја во земјава.

Кои држави се офајдија од Македонскиот увоз на струја?! 

Анализата на Фактор покажува дека дефицитарното домашно производство на струја, кое се надоместува со скап увоз од месец во месец никако да ги задоволи потребите. Колкава количина на струја е купена за овие речиси 73 милиони евра  само за седум месеци статистиката не обелоденува. Оттука, нема прецизни податоци колку киловат часови струја се купени секој месец одделно, а со тоа нејасно е и по која цена е купена оваа увезена струја.

Статистиката единствено го обелоденува потеклото на оваа узвесена струја. Во првите седум месеци за потребите на индустријата и домаќинствата најголем дел од увезената струја доаѓа од  Швајцарија, дури 30 милиони евра. Околу 30 милиони евра пак, чини увезената струја од Србија, 9 милиони од Бугарија и речиси 280.000 евра од Грција. Оваа струја во Македонија влегла преку трговците со струја.

За седум години не се изгради сериозен капацитет за да се ублажи увозната зависност

Состојбата со дефицитарното домашно производство на струја е далеку поалармантна ако се земат предвид статистичките податоци кои покажуваат дека во изминатите пет години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2.7 гигават-часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Во 2011 година пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,3 милиони евра за околу 2.600 гигават-часови. Државната статистика покажува и дека лани годишниот увоз на струја е 197 милиони евра. Само за седум месеци пак, во 2013 година, увозот на струја достигна речиси 73 милиони евра.

За сметка на тоа, Владата не изгради сериозен капацитет со кој ќе се ублажу увозната зависност. Со растечката потрошувачка на струја Македонија од година во година ги полни џебовите на увозниците на струја од стрнство, без притоа да се пофали дека изградила неколку од круцијалните децениски најавувани енергетски проекти.

Без енергија нема силен економски раст!

Несфатливо е како Владата планира да остварува силни економски резултати раст, кога енергијата клучна за производството ја нема или е прескапа. За следната година, проектираниот економски раст е од само 3,2%.

Во изминатите неколку години компаниите беа приморани да го намалат производството, да прават ремонти само за да ја намалат потрошувачката на струја. Државата во изминатите 10 години не изгради клучен енергетски капацитет кој ќе произведува струја. Наместо одлив на речиси милијарда евра за увоз на струја, досегашните премиери требаше да го зголемат домашното производство преку нови инфраструктурни капацитети.

Во отсуство на јавно образложение, дел од енергетичарите кои ги консултираше Фактор неофицијално велат дека овие податоци за растот на увозот на струјата се загрижувачки. Тие алармираат дека дводецениската летаргија на неправење ништо во енергетиката трае предолго и дека Владата и ЕЛЕМ итно мора да ја подобрат енергетската слика на Македонија. К.П

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад