20 Декември, 2025
0.0831

Не знаев каде е Македонија пред да го запознаам мојот сопруг: Кенијката Емакулате за бракот со Мики и животот во Скопје

Објавено во: Македонија 15 Април, 2022 10:36

Добивај вести на Viber

Љубовта не знае за граници, нација, боја на кожата - во некој идеален свет. Но, љубовта и во реалноста може да надмине многу работи а чист доказ е приказната која со вас ја споделуваме воп редовите подолу.

Емакулате Вандера по потекло од Кенија веќе неколку години живее во Македонија. Таа е сопруга и мајка. Во брак е со Михајло Блажевски, а плод на нивната љубов е ќерката Дариа која има една година.

Ем и Мики имаат интересна љубовна приказна која ги урива сите можни предрасуди. Се запознале преку Интернет, љубовта преку жици ја негувале скоро две години за кога Ем ќе дојде во посета на Македонија да ја крунисаат со брак. Се почнало со еден комплимент кога Ем работела како учителка во Тајланд. Ковид пандемијата им ги помести плановите за свадба, но како што ни откри Емче, таа ќе се случи наскоро.

Емакулате добро ја прифатило и семејството, и пријателите на Мики, а ни раскажа дека ги обожува и јадењата кои ѝ ги подготвува свекрвата Блага, а свекорот како што ни рече е задолжен за десертите. Ѝ се допаѓа културата и тадициите кои ги негуваат Македонците за кои вели дека се гостопримлива нација и големи патриоти.

*Како дојдовте да живеете во Македонија – раскажете ни го вашето патешествие и како се запознавте со вашиот сопруг Мики?

-Го запознав мојот згоден, интелегентен, грижлив македонски сопруг во 2016, всушност ние се запознавме на многу интересен начин, се запознавме онлајн, на инстаграм да бидам подиректна. Се започна со едноставен комплимент, што потоа прерасна во прекрасни разговори што траеа ден и ноќ. Во моментот кога почнавме да комуницираме јас работев како учителка во Тајланд, а тој беше во Скопје. Во еден момент нашата комуникација дури и престана, бидејќи приметивме дека почнуваме да се заљубуваме, а сепак бевме премногу далеку еден од друг, и се плашевме дека тоа така не може да функционира. Сепак после 4-5 месеци повторно почнавме да комуницираме и од тој момент веќе никогаш не застанавме се до моментот кога Мики дојде за прв пат во Тајланд во 2017. Тоа всушност беше и почеток на нашата приказна. Нашата врска на "далечина" траеше околу 2 години, Мики дојде уште еднаш во Тајланад, исто така и јас дојдов во Македонија, пролетта 2018, и искрено уживав во секој момент од мојот престој тука. Пред да се вратам назад за Тајланд Мики ме побара за жена, тоа дефинитивно беше најубавиот ден во мојот живот, и во Тајланд се вратив како негова вереница. Секако веќе знаевме дека не можеме да живеме еден без друг, и решивме дека јас ќе дојдам тука и Македонија ќе биде наш дом.


*Како всушност почна вашата љубовна приказна, како знаеше дека Мики е вистинскиот за тебе, правевте ли свадбена веселба?

-Можеби звучи чудно но знаев дека Мики е вистинската личност за мене од првиот ден кога почнавме да комуницираме, едноставно „кликнавме“ од првиот момент. Сѐ се одвиваше многу глатко, и некако се во врска со него изгледаше многу исправно. Тој беше многу отворен со мене, и некако ја чуствував неговата искреност во нашите разговори. Тој правеше да се чуствувам толку сигурно и сакано уште и пред да се запознаеме во живо. Кога го видов првиот пат на аеродромот јас бев веќе заљубена во него, а тој беше истиот човек во кој се заљубив зборувајќи на телефон, и никогаш не се промени до ден денес.


Планираме да имаме свадбена церемонија наскоро, плановите малку се поместија поради ситуацијата со короната, бидејќи моите родители не можеа да допатуваат тука, но се надеваме дека наскоро се ќе си дојде на свое место.

*Што работиш во Скопје?

-Јас сум учителка по професија, кога се преселив тука почнав да размислувам дека можеби ќе треба да направам промена во кариерата. Одредено време работев како учителка во гимназијата Нова, пред да се породам со Дариа. Во моментов сѐ уште сум дома и се грижам за неа додека не потпорасне малку.


*Плод на вашата љубов со Мики е вашата ќеркичка која неодамна наполни 1 година. Како се вика, какво детенце е, кој ви помага околу обврските, кажи ни нешто за неа?

-Плод на нашата љубов е нашата најубава ќерка Дариа. Таа ги промени нашите животи на начин кој не може да се опише со зборови, секако таа е најубавото нешто што ни се случило во нашите животи досега, едоставно ја обожуваме. Дариа е многу активно бебе, почна да оди без помош пред да наполни 10 месеци, и обожува да се качува на се и сешто и е активна по цел ден. Уште сега можам да кажам дека ќе биде атлетски надарена, исто како нејзините родители секако (се смее). Таа е многу паметно бебенце, секако секој родител го има тоа мислење за своето дете но повеќето работи што ги прави се понапред од нејзината возраст.

Повеќе на Женски магазин


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки