НЕБЕНЗЈА ГИ ОТКРИ АПЕТИТИТЕ НА РУСИЈА: Сакаат уште украински територии?
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2025 16:40
Русија не сака да се откаже од украинските окупирани територии. Василиј Небензја, постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН на 17 февруари изјави дека Украина „неотповикливо ги изгубила“ териториите окупирани од Русија и мора да отстапи дополнителни делови од областа.
Како што кажа Небензија, Крим и окупираните делови на регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон, наводно, „засекогаш“ станале дел од Русија.
Небензја нагласи дека идната Украина треба да стане неутрална држава, без членство во воени сојузи и без право да се приклучува на безбедносните блокови.
Истиот ден, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров отфрли секаква можност за територијални отстапки.
Во Ријад, САД и Русија разговараа за крај на војната во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше денешната средба меѓу американската и руската делегација во Ријад, на која не беше поканет ниту еден украински функционер, нарекувајќи ја разговори за Украина „без Украина“. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




