26 Април, 2024
0.0282

Неби Хоџа: Филмските студија на Џон Малкович би се граделе кај касарната Илинден

Објавено во: Економија 16 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Неби Хоџа, претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и еден од основачите на „Технолошки парк Скопје“, вели дека филмските и музички студија чија можна изградба во Скопје претходно ја најави холивудската ѕвезда Џон Малкович, би се граделе кај касарната Илинден.

- Би се граделе кај касарната Илинден кај магистралата што го поврзува Скопје со Косово, вели Хоџа за „Фактор“.

Претходно „Скопје технолошки парк“ при своето основање во Македонија објави дека Скопскиот технолошки парк „СТП“ ќе се гради во близина на центарот на Скопје, со точна локација со која се преговара со Владата да биде во близина на земјиштето што било одземено од семејството на управителот Иван Видаковиќ по Втората светска војна.

Хоџа вели дека продолжуваат преговорите со Владата за прогласување на СТП за стратешки инвеститор, но и дека Видаковиќ нема да се откаже дури и ако не го добие земјиштето.

- Тој е посветен и решен да продолжиме, дури и ако не го добиеме земјиштето, вели Хоџа во кратка изјава за „Фактор“.

„СТП“ најавува дека потенцијалната инвестиција ќе има центри за управување со податоци и дигитализација,  вештачка интелигенција и роботика, образовна  технологија, блокчејн технологија за трансакции, сајбер безбедност, FinTech и други дејности. Засега единствената дејност која е регистрирана е издавање и управување со сопствен недвижен имот или земен под закуп.

Технолошкиот парк ќе има луксузна резиденција која ќе вклучува канцеларии, продавници, ресторани и паркинг. Најавена е изградба и на два хотели и конференциски центар. Се планира изградба на кампус кој ќе вклучува IoT дата-центар за податоци, деловен инкубатор, центар за сајбер безбедност и блокчејн центар. Исто така, едношалтерски систем за односи со Владата, корпоративна регистрација, центар за вработување, апликации за грантови, програми за престој (или државјанство). 

STP, исто така, ќе им обезбеди на своите стратешки партнери дополнителни можности за инвестирање во вредност од 200 милиони до 1 милијарда евра, плус поврзани проекти, односно изградба на голем центар за податоци.

Малкович претходно најави дека тоа ќе биде прв центар од таков тип за снимање на холивудски филмови на Балканот. Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

Деновиве управителот Видаковиќ за медиумите изјави дека апликацијата за проектот е доставена до Владата уште на 27 јануари, но досега немаат повратен одговор.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра