20 Декември, 2025
0.1339

Небо од бои и ноти над дождливо Скопје

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2015 09:34

Добивај вести на Viber

Вчера вечер ПроКредит Банка им подари на граѓаните спектакуларно доживување- небо од бои и ноти и многу позитивна енергија. Настанот беше организиран по повод 12 годишното успешно работење на германската ПроКредит Банка во Македонија.

pro kredit

Дождот кој врнеше постојано до самиот почеток на настанот не ја спречи позитивната енерегија. Во Градскиот Парк во Скопје дојдоа многу родители и деца, клиенти и долгогодишни партнери на ПроКредит Банка, бројни граѓани. Присутните уживаа во несекојдневното дружење во природа-со мирисот на липи и трева, со добра музика и многу позитивна енергија. Настанот започна со едукативни игри и креативните работилници за најмладите. Вечерта граѓаните имаа можност да уживаат во едночасовен концерт на камерниот оркестар предводен од Емин Џијан, чија музика беше изведена за прв пат со цел подарокот од ПроКредит Банка за граѓаните да биде уникатно доживување. Како завршница небото над Скопје го обои спектакуларен музички огномет, кој за прв пат се изведе во Македонија и беше незаборавно доживување за граѓаните.

pro kredit 1

‘’Овој ден го посветуваме на позитивната енергија, бидејќи тоа е движечка сила на секој од нас. 12 годишното успешено работење на ПроКредит во Македонија сакаме да го прославиме на еден поинаков начин-со уникатен настан на отворено, настан кој е подарок за сите граѓани. Она што Ви го подаруваме вечер е токму во духот на ПроКредит - позитивна енергија, уникатност и ентузијазам во се што работиме.’’ порачаа од ПроКредит Банка на настанот.

pro kredit 2

Пред 12 години германската ПроКредит започна со работа во Македонија како специјалирана банка за финансиска услуга за мали и средни претпријатија. ПроКредит Банка веќе 12 години е енергична и прогресивна банка на бизнисите и граѓаните.

pro kredit 3

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии