05 Декември, 2025
0.0617

НЕБОТО СЕ ЗАТВОРА: Се заканува нова „вулканска“ криза!

Објавено во: Анализа 23 Август, 2014 08:17

Добивај вести на Viber

Растечките стравувања од ерупцијата на вулканот Бардарбунга во Исланд станува сериозен притисок врз акциите на авиокомпаниите. Бардарбунга е втората највисока планина на островот. Во реонот се почувствувани над 2 600 потреси од саботата. Исланд започна со евакуација на жителите во регионот и туристите. Метеоролошката служба на земјата го зголеми нивото на ризик за авионската индустрија до портокалово - четврто ниво од петстепената скала. Од службата дополнуваат дека нема знаци на магма која се движи кон површината. Организацијата внимателно ја следи ситуацијата и рече дека не ја исклучува можноста за експлозиија на ерупција, поради што постои ризик од емисии на пепел. "Иако ова е систем за рано предупредување и сето тоа зависи од тоа дали ќе дојде до реална ерупција на вулканот, инвеститорите ќе бидат погодени", вели Робин Бајд од Cantor Fitzgerald. Облаците од пепел може да доведат до прекин на летови, што ќе доведе до загуба на приходи за авиокомпаниите, Ситуацијата потсетува на 2010 година, кога поради исландски вулкан беше затворен голем дел од европскиот воздушен простор за неколку дена. Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт ги пресмета загубите на авиокомпаниите тогаш, на околу 200 милиони долари на ден. Погодените патници биле над 10 милиони, а летовите - над 100 илјади. Бајд истакна дека во последните месеци акциите на европските авиокомпании преминуваат низ период на слабост, па дури и да се дојде до нова блокада на авионската индустрија, понатамошните падови најверојатно ќе бидат ограничени. Проблемите, сепак, нема да се ограничат само до превозниците во Европа. Поради локацијата на вулканот американски превозници кои вршат летови на трансатлантски правци, исто така ќе претрпат штета. Рори Марс, аналитичар во Atlantic Equities, предупредува дека најпогодена ќе биде United Continental, бидејќи таагенерира 16 отсто од своите приходи од трансатлантски летови. Delta се потпира на трансатлантски летови за 15 отсто од приходите, а American Airlines Group - за 10 проценти. Авиокомпаниите и невладините организации, сепак би можеле да бидат поподготвени овој пат. Според Евроконтрол, Европа ги подобрила механизмите за реакција во споредба со 2010 година. Какви и да се подобрувањата, вулканскиот пепел сепак останува главна закана за авијацијата и навистина има потенцијал да предизвика пречки во безбедноста. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени