Неделава ќе се знаат кандидатите за пратеници кои ќе ја бараат довербата од гласачите
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2016
До 11 ноември политичките партии и независните кандидати ќе треба да ги достават листите на кандидати за пратеници.
Само СДСМ и ДПА засега ги објавија кандидатските листи. Согласно календарот на Државната изборна комисија на 11 ноември на полноќ истекува рокот за пријавување. Тогаш ќе заврши и увидот во избирачкиот список, и пријавувањето на македонските државјани кои живеат во странство за гласање. На први декември треба да се потпишат изводите од избирачкиот список. Изборната кампања почнува на 21 ноември и ќе трае до 9 декември. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември. СДСМ вчера ги објави листите, при што имаше одредени реакции во нивните редови. Софија Куновска си поднесе оставка од функцијата Претседател на градска организација на СДСМ на денешниот Центарлниот одбор на партијата, но останува во партијата. ДПА прва ги објави кандидатите кои ќе ја бараат довербата на граѓаните пред неколку седмици.