29 Март, 2023
0.0263

НЕДЕЛЕН БУЏЕТ ЗА ХРАНА ОД 1 МИЛИОН ДОЛАРИ, на најголемиот крузер на светот се прават повеќе од 30.000 оброци дневно

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Најголемиот брод за крстарење во светот прави повеќе од 30.000 оброци дневно за повеќе од 6.600 патници кои се качуваат на неделно ниво.

Патниците на Royal Caribbean Symphony of the Seas можат да јадат до осум пати на ден, заради што персоналот мора да подготви огромно количество храна.

- Мора да пресметате дека станува збор за појадок, ручек и вечера, плус ужина, плус ноќе, плус 24 часа храна наоколу и никогаш да не се случи да нема - изјави за Инсајдер Алан Џентиле, шеф за развој на кулинарски иновации.

- Сумата е луда - додава тој.

Џаред де Силва, управителот на залихите на бродот, има неделен буџет од еден милион долари (околу 923.550 евра) за да набави храна за 23-те ресторани на бродот. Кога овие пари се претвораат во храна, се вклучени повеќе од 600.000 тони храна и пијалоци.

Во кујните кои работат деноноќно се вработени 1.000 готвачи.

- Некои од луѓето почнуваат со работа во 8 часот наутро и работат до 14 часот, паузираат до 17 часот и продолжуваат со работа до 21:30 часот. Потоа втората група почнува да презема во 22 часот, до 10 часот изутрина. Значи покриваме ден и ноќ - вели главниот газда за Инсајдер.

Рестораните имаат различни цени за да одговараат на широкиот опсег на патници во крузерот.

-Имавме ресторани на пентхаус, во апартман, главен ресторан...Ги имаме сите можности. Затоа се трудиме да им угодиме на сите, за секој да го најде тоа што го бара - додава тој.

EPA-EFE/EDDY LEMAISTRE

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА И ДО 3.000 ЕВРА, ЗА КЕЛНЕРИТЕ ДО 1.500 - потрагата по сезонци никогаш поголема, еве кои земји се „најзагрозени“

ПЛАТА И ДО 3.000 ЕВРА, ЗА КЕЛНЕРИТЕ ДО 1.500 - потрагата по сезонци никогаш поголема, еве кои земји се „најзагрозени“

ПУКА БАЛОНОТ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ? Падот на цените на становите е видлив во повеќе држави, ќе биде ли ова сигнал и за Балканот

ПУКА БАЛОНОТ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ? Падот на цените на становите е видлив во повеќе држави, ќе биде ли ова сигнал и за Балканот

НЕ ИМ Ѐ ПОТРЕБЕН ФАКУЛТЕТ, А ЗАРАБОТУВААТ НАД 1.000 ЕВРА! Едно работно место во Србија носи и до 4.000 евра

НЕ ИМ Ѐ ПОТРЕБЕН ФАКУЛТЕТ, А ЗАРАБОТУВААТ НАД 1.000 ЕВРА! Едно работно место во Србија носи и до 4.000 евра

ДЗР: Приходите на пензискиот фонд не ја покриваат исплатата на социјалните бенефиции

ДЗР: Приходите на пензискиот фонд не ја покриваат исплатата на социјалните бенефиции

Испораките на нафта од Русија во Индија се зголемени за 22 пати

Испораките на нафта од Русија во Индија се зголемени за 22 пати

ДАЛИ КОЛАПСОТ НА НЕКОЛКУ БАНКИ Е ВОВЕД ЗА ПОДЛАБОКА БАНКАРСКА КРИЗА: Каква е состојбата десет дена подоцна?

ДАЛИ КОЛАПСОТ НА НЕКОЛКУ БАНКИ Е ВОВЕД ЗА ПОДЛАБОКА БАНКАРСКА КРИЗА: Каква е состојбата десет дена подоцна?

Бектеши: Утре на седница ќе се замрзнат цените на хигиенските производи

Бектеши: Утре на седница ќе се замрзнат цените на хигиенските производи

Пензионерка го пресретна Ковачевски во маркет за да му се пожали на цените

Пензионерка го пресретна Ковачевски во маркет за да му се пожали на цените

Љупчо Николовски: Кромидот не смее да биде 100 денари килограм

Љупчо Николовски: Кромидот не смее да биде 100 денари килограм