05 Декември, 2025
0.0329

Неделен хороскоп 03 04 - 09 04 2017

Објавено во: Општо 02 Април, 2017 17:45

Добивај вести на Viber

ВАГА

Ќе бидете насочени кон подобрување на работите во својот дом или местото на живеење, па дури и ќе решавате некои важни прашања кои се поврзани со семејната структура. Легалните прашања и деталите ќе го окупираат целото ваше внимание. Веќе кон средината на неделата импулсивно ќе се решавате на некакви кратки патувања, ќе се впуштате во интересни разговори со другите, ќе одите на нови места, ќе среќавате нови лица, а вашето секојдневие ќе биде збогатено со искуства. За викендот чувајте се од непотребни конфликти и избегнувајте комплексни личности.

СКОРПИЈА

Ќе бидете непопустливи во дискусиите кои се поврзани со работата. Сите работи ќе ги доживувате сериозно, а неодговорноста на другите ќе ви пречи. Веќе кон средината на неделата ќе добиете интересни вести или ќе имате неочекувани финансиски подобрувања. Можеби ќе добиете потврден одговор за некои предлози. Во секој случај ќе почувствувате позитивен ветер во вашиот грб. Како резултат на зголемената верба во животот, ќе бидете подготвени на посмели чекори и одлуки. Чувајте ги вашите добри идеи, затоа што во текот на викендот, околностите ќе се променат. 

СТРЕЛЕЦ

Некој или нешто ќе ви создава стрес на работното место во текот на претстојната недела. Иако ова може да биде многу реално, сепак вие имате избор како ќе реагирате. Ако емоционално се дистанцирате од проблемот, ќе можете да го надминете многу едноставно и со стил. Играњето на ваквата игра обезбедува стабилна разврска и надминување, доколку сте сигурни дека вие сте во право, а другата страна греши. Затоа немојте да држите заложеници и да драматизирате. Всушност, Венера промовира добри односи со вашите соработници, колеги и надредени. Усогласувајте се со текот на живот и избегнувајте непотребни компликации.


Претходна страна  Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: