Неделен хороскоп 03 04 - 09 04 2017
Објавено во: Општо 02 Април, 2017
ЈАРЕЦ
Во текот на оваа недела треба да бидете свесни и промислени, бидејќи односите на партнерско ниво ќе бараат повеќе трпение и разбирање. Можна е расеаност, нефокусираност, интензивирани емоционални состојби, а не се исклучени и стресните ситуации кои ќе го тестираат прагот на вашата толеранција. Ќе биде потребно да внесувате повеќе рамнотежа во примарните односи и да се трудите да ги разбирате состојбите низ кои поминува партнерот. Се разбира дека треба да внимавате на вашите зборови и дела. Со малку свесно залагање, работите многу лесно би можеле да тргнат во вистинската насока
ВОДОЛИЈА
Луѓето од вашата околина би можеле да ве доживеат како мал диктатор во првите неколку дена од неделата, а посебно во групните активности. Ќе бидете подготвени целосно да се вложите за постигнување на вашите цели. Ќе бидете поддржани од авторитетните фигури и сите ќе бидат свесни за вашите доблести. Кон средината на неделата ќе имате важни љубовни и емотивни случувања, а односот со партнерот ќе се развива во нагорна линија. Некои од вас можеби ќе се чувствуваат ослободени од некоја непријатна ситуација и ќе бидат задоволни од развојот на настаните. Го привлекувате вниманието на другите, па затоа би требало повеќе да внимавате на вашите постапки.
РИБИ
Пред вас е период на значајни случувања кои се поврзани со финансиите, ресурсите и работата. Извесни се мали нервози околу некои доцнења, а некои ќе се нервираат поради невратените заеми и неподмирените долгови. Исто така, планетарните констелации укажуваат и на прашања кои се поврзани со некакви делби и поделби. Можеби ќе имате чуввство дека некој не е фер во однос на вас и тоа ќе ве лути. Лесно би можеле да бидете предизвикани кога се во прашање одговорностите кои лежат vis a vis со другите. Сепак, имате многу силни положби кои можат да ги зголемат вашите приходи во овој период. Па, гледано долгорочно, нема потреба да се грижите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.