Неделен хороскоп 13 03 - 19 03 2017
Објавено во: Општо 12 Март, 2017 16:44
РАК (22 јуни – 22 јули)
Ќе уживаате со саканите. Сепак, во брачниот живот, елементот на љубовта се чини дека исчезнал. Доколку сте верени, внимавајте да не станете премногу посесивни. Ќе добиете пари од продавање или изнајмување стар имот и ќе бидете во прилично комотна позиција. Потрошете дел од парите за семејството. Останете будни за здравствените проблеми и преземете превентивни мерки веднаш штом ќе забележите нешто невообичаено. Подобрете ја исхраната или започнете фитнес.
ЛАВ (23 јули – 22 август)
Ќе доживеете некои неизвесни моменти во почетокот на една врска што ќе ве стави на мисла. Брачните двојки ќе имаат ситни несогласувања, кои треба да се решат итно пред да прераснат во нешто големо. Финансиско подобрување е пред вас. Добар профитабилен период почнува сега. Ќе бидете подложни на здравствени проблеми. Може да се повредите неочекувано, па бидете внимателни при возење или при користење на остри предмети, како нож во кујната на пример.
ДЕВИЦА (23 август – 22 септември)
Не премногу поволна недела за вас. Оние во врска може да паднат како жртви на сомневања, што доведува до замор во врската. Брачните двојки ќе имаат различни приоритети и нема да успеат да се договорат за сè. Трошење пари за неоправдани нешта и дружење со пријатели кои не можат да бидат многу корисни може скапо да ве чини. Сериозно треба да почнете да размислувате за финансиката сигурност. Средовечните и постарите лица да внимаваат и на симптомите и на вистинските лекови. Другите, пак, да се чуваат од алергиски инфекции и стомачни вируси.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





