Неделен хороскоп 13 03 - 19 03 2017
Објавено во: Општо 12 Март, 2017
ВАГА (23 септември – 23 октомври)
Нема да бидете сигурни за изборот на љубовен план. Оние во врска може да се премислуваат дали да ја продолжат истата или не. Ништо значајно на финансиски план. Останете фокусирани на штедење за идни потреби колку што е можно повеќе. Не се исклучува ниту алтернативен извор за екстра пари. Болки поради забавено варење, додека проблемите со респираторниот систем треба да се третираат на итна основа; било какво занемарување може да доведе до долгорочни здравствени проблеми. Откажете се од сите зависности, а поготово од цигарите
ШКОРПИЈА (24 октомври – 22 ноември)
Ако барате придружник може да ја сретнете вистинската личност. Брачниот живот ќе почне да тече мирно. За да се зајакне врската, ќе биде добро да одите на кус одмор. Ќе имате потреба да трошите, но бидете разумни при тоа. Вложете напори да ги зголемите заштедите.
Обичнатата кашлица и треската може да се влошат. Преземете соодветни мерки. Медитирање и некои вежби за дишење ќе ви бидат од голема корист за да ја намалите напнатоста.
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Можни сериозни проблеми во брачниот живот. И двајцата се држите до личните ставови.Внимателно справите се со овој проблем за да се избегне нарушување на бракот. Ако сте во врска, но сè уште не сте се обврзале, можеби ќе посакате да ја прекинете истата. Не цветаат рози на финансиски план. Може ќе почнете да барате други можности за заработка на екстра пари. Контролирајте ги и непотребните трошоци. Можно е да се разболите оваа недела. Дури и помалите здравствени проблеми земете ги сериозно и веднаш лекувајте ги за да не останете в кревет неколку дена непотребно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.