Неделен хороскоп 30 07 - 05 08 2018
Објавено во: Општо 29 Јули, 2018 15:10
ВАГА Ќе бидете вознемирени поради моменталните настани и ќе делувате конфузно, така да вашите објаснувања пред соработниците ќе звучат неубедливо. Нема причина да ризикувате, прифатете некоја поскромна понуда. Во моментот најважно е да ги смирите вашите мисли и чувства, но и да го задржите достоинството пред личноста која добро ве познава. Не му се доверувајте на секого, одбирајте ги луѓето со кои сакате да бидете поотворени, а можеби и да поделите некоја тајна. Најдете го вистинското решение.
СКОРПИЈА Ќе бидете оптимистички расположени и ќе размислувате за крупни планови. Од вас извира огромна енергија која мора паметно да ја искористите. Коментарите за вас што ќе ги слушнете од околината воопшто нема да ве засегнуваат. Вие си ја гледате вашата работа и продолжете така. Имате доволно енергија за започнување на нова работна задача, ве очекува период во кој слободно можете да се впуштите во нова трговска зделка или пак да се јавите како посредник во некои деловни преговори. Оние кои се занимаваат со интелектуална работа, посебно со пишување, ќе имаат голема инспирација за творење. Ве очекува просечен љубовен период, без некои поголеми возбудувања.
СТРЕЛЕЦ Иако ќе работите напорно ќе бидете полни со енергија и мошне задоволни со себе. Ќе се занимавате со работи кои во целина ве задоволуваат. Работните пропусти кои сте ги направиле и не се така големи за да прифатите нечија казна или остра критика. Обидете се вашите соработници да ги прифатат релните објаснувања и моменталните услови кои делуваат на заедничкиот успех. Во емотивните односи ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





