Неделен хороскоп 30 07 - 05 08 2018
Објавено во: Општо 29 Јули, 2018 15:10
ЈАРЕЦ Ќе бидете свртени кон работата, филозофски теми и патувања, па приватниот живот помалку ќе го запоставите. Моментално се наоѓате во извесна дилема. Двоумењето се однеусва на работата или пак некое патување. Бидејќи со успех ќе ги совладувате препреките при крајот на неделата очекувајте подобрување на расположението. Среќата оди во ваша насока, такашто некои работи кои сте ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротивстави на вашето. Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот.
ВОДОЛИЈА Понесени од страста и ентузијазмот, ќе дадете се од себе да ги остварите вашите цели. Па дури и ако остварите делумни резултати, немојте да бидете незадоволни. Игнорирајте го можното чувство на разочарување, затоа што иднината ќе фрли ново светло на случувањата од овој период; ќе се испостави дека резултатите се многу подобри од она што сега го мислите. Остварување на плановите е извесно како резултат на преданата работа, залагање и способноста за одрекувања. Во љубовта ќе биде клучна внатрешната стабилност и снага, па благодарение на неа ќе воспоставите нов однос на снагите во врската.
РИБИ Ќе бидете многу чувствителни на зборовите кои ќе ги чуете од околината. Некои од вас во таквата состојба ќе се загубат. Можеби ќе добиете и по некој корисен совет од повозрасна личност. Прифатете го без предрасуди. Не се расплинувајте на неважни работи, особено не на измислени здравствени проблеми. Обидете се повеќе да се сконцентрирате и да се посветите на работата, бидејќи доста сте заостанале со се и сешто, а тоа би можело да предизвика бес кај вашиот шеф или пак членовите од семејството. Тоа навистина во моментот не ви е потребно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





