19 Декември, 2025
0.0615

Недемократски избори ќе предизвикаат бран емиграција на младите од Македонија!

Објавено во: Економија 03 Мај, 2016 08:27

Добивај вести на Viber

Поголем дел од граѓаните во земјава се наоѓаат во потчинета, обезгласена и мизерна економско-политичка состојба, но најпосле здружено наоѓаат начини да го изразат својот гнев за долготрајната исклученост од процесот на одлучување за насоките во кои ќе се користи и управува со општото. Долго потхрануваната култура на политичка сервилност и клиентелизам ја всадуваше длабоко и заразно во колективната свест идејата дека политичкото е домен резервиран за одредена група политички подобни елити, а останатите имаат можност да стапат само во поданички однос кон нив. Тој процес може слободно да се нарече феудализација на политичкиот простор, односно цивилизациски регрес што ги намалува шансите за цивилизирано надминување на политичката криза. Константното влошување и потиснување на политичко-економската состојба на народот е правопропорционално со неговата радикализација. Политички платформи или стратегии кои ја игнорираат нивната взаемност самите го поплочуваат патот кон својот фатален крај” - вака Андреј Јованчевски, член на младинската организација “МУГРА” накусо ја опишува политичко-економската состојба  која  последниве десетина години ја живеат и преживуваат граѓаните на земјава. Парламентарните избори на 5 јуни, според него  би биле уште една инсценација – овој пат максимално гротескна – на псевдодемократија, уште еден обид за насилно озаконување на авторитарна политичка пракса. Нивното одржување под диктат на условите од страна на на владеачкатата структура или при капсулација на политичкиот дијалог во рамки на традиционалните партиски блокови ќе биде последна инвестиција на притисок врз слободоумното граѓанство кон тотална резигнација. “Таквиот чин бездруго ќе предизвика нов бран на емиграција на млади луѓе, што ќе има погубни економски и социјални импликации. Исто така, како што веќе споменав, тоа ќе ја зацврсти убеденоста дека политичкиот потфат што може да го промени авторитарниот политички курс може да има единствено револуционерен карактер. Конечно, за подготовка на контекст за одржување парламентарни избори, освен исполнување на поставените барања на протестното движење – што станува сѐ помалку веројатно – потребни се темелни интервенции во политичкиот простор, кои ќе обезбедат механизми на автентична репрезентација на интересот на потчинетиот општествен слој кој не може да се идентификува со традиционалните опортуни политички структури”- смета Јованчевски. ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА НОВ СИСТЕМ На уличните протести што траат веќе дваесетина дена како што вели,  се пресекуваат различните артикулации на незадоволство и револт против безмалку децениската политичка хегемонија на корумпираната власт. Проблемот го лоцира во  безмерната злоупотреба и мешањето на сите гранки на власта, законодавната, извршната и судската, потполното разнебитување на уставниот поредок и демонстрацијата на селективна правда, односно брутална неправда кон широкиот економски и политички потиснат слој ја запечати решеноста на огромен дел од народот за уривање на авторитарниот режим. “Сепак, пораката што почнува сè појасно да прозвучува на улиците е дека луѓето сакаат повеќе од справедлива разрешница на криминалните јазли и замена на актерите на политичката сцена. Тие сакаат, пред сè, да биде воспоставена сосема нова култура на политичка, економска и социјална интеракција, која ќе се карактеризира со еднаквост, партиципативност, слобода и колективно коодиниран (плански) развој, без опасност која било организирана структура повторно да наметне институционална надмоќ или ирационален авторитет врз заедницата”- потенцира Јованчевски. Опортунистизмот  како што вели е длабоко вкоренет во политичката култура во Македонија, а тоа најдобро се отсликува во односот на корумпиранaта власт кон синдикатите. Со постојано менување ставови, одлуки, услови и рокови, власта според него ги врамува своите политики во химерична рамка и на тој начин ја саботира автентичната синдикална агенда, која почива врз принципите на транспарентност и конзистентност. 1 (2) “Постојат и инхеретни синдикални проблеми, кои влијаат врз неуспешноста на многу синдикални потфати: низок степен на синдикална организираност и мобилизираност на работничката класа, нараснување на слојот прекарни работници, квантитативна и хиерархиска доминација на „жолтите” (предавнички и пасивни) синдикални структури, дефанзивна стратегија на прогресивните синдикати итн. Сепак, како два особено проблематични аспекти на синдикалната борба кај нас би ги издвоил:  деполитизацијата на синдикалното движење, т.е. неговата автономна изолација од поширокиот политички контекст и страв од артикулирање на пресеците со други области на политичкото – стратегија која ја разводнува политичката релеватност и ефективност на синдикалниот активизам и отсуството, па дури и избегнување на интерсекторска поврзаност и отоворена соработка со друг социјален сектор”-додава Јованчевски. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА УЛОГАТА НА СИНДИКАТОТ Надминувањето на овие внатрешни пречки и заземањето офанзивен став во дијалогот со власта и секој центар на економско-политичка моќ, според него  ќе ја зацрвсти позицијата на синдикатите и ќе го зголеми нивното учество и влијателност во однос на трудовите политики. “Оваа година, потписниците на Повелбата  за солидарност  организираа протестен марш, со нагласување дека нивната борба, всушност, се одвива секојдневно, а не еднаш во годината. Овогодинешниот протестен марш се случи на 2 мај: одлука која може да се интерпретира, меѓу другото, како обид за рехабилитација на загубениот втор ден од меѓународен празник на трудот. Во последните неколку години Први мај заживеа во вистинска смисла. За тоа се заслужни неколку прогресивни синдикати и граѓански здруженија за заштита на работничките права, кои оформија фронт за агитација и борба за интересите на работничката класа, која е насекаде експлоатирана и репресирана”- смета  Андреј Јованчевски. Клучна улога во таа насока, освен младинското,како што вели  би можело да одигра и организираното работничко движење кое има директно влијание врз социо-економската база на општествениот систем и, доколку даде сериозен придонес во ерозијата на авторитарната политичка власт, може да се наметне како клучен елемент во создавањето и спроведувањето на идната политичка култура, како и распределбата на општествена моќ и одговорност. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра