05 Декември, 2025
0.1775

Недвижностите со рекордно ниски цени, а уште ќе паѓаат, сега му е мајката, „Купи куќа, купи стан“!

Објавено во: Економија 31 Декември, 2012 10:38

Добивај вести на Viber

Продолжува „Купи куќа, купи стан“, но се чини дека вкупната продажба на станови во земјата се уште е на ниско ниво. Очекувања на агенциите за недвижности се дека продажбата може да се зголеми на пролет, кога почнуваат инвестиционите планови на семејствата, но и дополнително, политичката криза во која падна Македонија сега, ги одложува големите инвестиции. Тоа е психолошки проблем. Уште поважен е економскиот односно куповната моќ на населението. Иако сега живна „Купи куќа, купи стан“ не е реално да се очекува овој проект да направи посериозен бум во градежништвото и во трговијата со станови. Сепак, добро е што одредена категорија на граѓани можат да ги искористат бенефицииите што тој ги дава. За моделот „Половина рата“ Владата ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува 4,99 проценти за првите три години и 5,5 проценти за четвртата и за петтата година од отплатата. За вториот модел „Половина учество“, пак Владата ќе плати 50 проценти од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата. Изминатата година Владата преку проектот „Купи куќа, купи стан“ субвенционираше станбени кредит во висина од 3,5 милиони евра, но не се соопштува за колку проекти. Инаку, цените на становите во Скопје се на рекордно ниско ниво во последниве неколку години, што освен со последните случувања, се објаснува и со зголемената градба, но и намалената побарувачка. Куповната моќ на граѓаните никогаш не била помала, а и банките се се поригидни во одобрувањето на станбените кредити. Што поради презадолженоста на тие што се кредитоспособени, што поради политиките што им ги налага Народната банка. - Во моментов продажбата на станови е многу опадната. Нема побарувачка на станови, луѓето само гледаат и дури не ни прашуваат за цената. Сите се во големо исчекување, чекаат да се намалат цените. Најзаинтересирани за купување се младите брачни парови. Тие најчесто бараат помали станови, на 5-10 километри од центарот на градот – вели Васе П., кој веќе десетина години работи како агент за продажба на недвижности во главниот град. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?