Во нефинансискиот сектор лани работеле над 340 илјади лица, најмногу во трговија
Објавено во: Економија 27 Декември, 2012 14:53
Во текот на 2011 година во нефинансискиот сектор во Република Македонија, активни биле 53.645 деловни субјекти во кои биле вработени 342.233 лица, објави Државниот завод за статистика.
Оттаму информираат дека во овие деловни субјекти остварен е вкупен промет од 924.227 милиони денари и додадена вредност од 211.464 милиони денари.
Најголемо е учеството на деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало 45,6 отсто, каде што биле вработени 25,8 отсто од вкупниот број вработени. Во рамките на овие субјекти е остварен промет од 379.683 милиони денари, односно 41,1 отсто од вкупниот промет.
Во секторот Преработувачка индустрија, кој претставува 13,2 отсто од активните деловните субјекти во 2011 година, биле вработени 33,7 отсто од вкупниот број на вработени лица, а во него се остварени 27,9 отсто од вкупниот промет.
Во вкупната додадена вредност, пресметана според трошоците за факторите на производството, во 2011 година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија 26 отсто, а потоа следат секторите Трговија на големо и на мало со 24,4 отсто, Градежништвото со 8,6 отсто, Информации и комуникации со 8,5 отсто, Транспорт и складирање со 8,4 отсто и секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 6,6 отсто. Најмал придонес во додадената вредност имал секторот Дејности во врска со недвижен имот 1,7 проценти
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





