27 Ноември, 2024
0.0308

НЕГОВАТА КУЌА Е КАКО КОСОВО, ИМА КЛОНИРАНИ КУЧИЊА И СЕ ШЕТАШЕ СО МОТОРНА ПИЛА! Кој е новиот претседател на Аргентина

Објавено во: Свет 20 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Откако либертаријанскиот аутсајдер, Хавиер Малеј победи на претседателските избори во Аргентина, неговиот подем стана сензационална вест во светот. Аргентина изминатиов период се бори со троцифрена инфлација, претстојна рецесија и зголемена сиромаштија. 

Иако официјалните податоци се уште не се објавени, сепак, Хавиер Малеј е новиот претседател на Аргентина, кој издвојува победа над Серхио Маса, аргентинскиот министер за економија, кој веќе му честиташе на победата. 

Милеје, пак, е познат по своите екстремно десничарски ставови и најавите дека има намера да ја затвори Централната банка и да го либерализира поседувањето оружје.

Актуелниот аргентински претседател Алберто Фернандез по објавувањето на неофицијалните изборни резултати изјави дека „верува дека може да почне да работи со Хавиер Малеј за да гарантира уредна транзиција“. 

Привремените резултати, по преброени речиси 90 отсто од гласачките ливчиња, покажаа дека Малеј има речиси 56 отсто од гласовите наспроти 44 отсто за Маса.

Аналитичарите ја споредуваат неговата победа со победата на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Пред објавувањето на официјалните резултати, левичарскиот кандидат Серхио Маса му честиташе на противникот за победата. Малеј нема претходно политичко искуство, а неговото CV е прилично бурно и невообичаено за функцијата што ја извршува од денес. Тој е поранешен тренер на тантрички се*са.

Некои од неговите најпознати изјави се дека Централната банка на Аргентина треба да се укине, дека климатските промени се „социјалистичка лага“ и дека сексуалното образование го смета за заговор чија цел е уништување на семејството. Неговата намера е и да ја легализира продажбата на органи и сака да ги олесни мерките за поседување оружје.

Милеј живее со пет кучиња. Како што рече во 2018 година, Конан, Мареј, Милтон, Роберт и Лукас се „неговите деца со четири нозе“, објави „Њујорк тајмс“. Она што е невообичаено за неговите кучиња е тоа што сите кучиња се клонови на неговото куче Конан, кое го добило името по филмот „Конан варваринот“.

Кучето Конан почина во 2018 година, а сите други кучиња се родени во просториите на една компанија во Соединетите Американски Држави. Малеј за аргентинските медиуми изјави дека неговото куче Конан е како син, а неговите клонови се како неговите деца.

„Мојата куќа е како Косово. За две недели изедоа речиси четири фотелји“, изјави Малеј во 2018 година на една аргентинска телевизија.

Во предизборната кампања и на митинзи често се појавуваше со моторна пила која симболизираше намалување на потрошувачката и отпадот. Ова конкретно се однесува на државното здравство, образование и намалувањето на бројот на министерства. Тој често ги нарекуваше противниците на својата кампања „комунисти, паразити и пијавици“. Малеј се опишува себеси како „анархо капиталист“.

Тој и претходно отворено зборуваше на радио за склоноста кон тројки во интимните врски бидејќи смета дека сиромашните треба да имаат право да „продаваат“ делови од телото. Ужива и во телепатска комуникација со своето мртво куче, кое е еден од неговите најважни политички советници.

„Ако треба да бирам меѓу мафијата и државата, би ја избрал мафијата. Мафијата има правила, мафијата се прилагодува, мафијата не лаже. Пред се, мафијата се натпреварува“, изјави тој еднаш за аргентинските медиуми.

На аргентинскиот либертаријанец (слободар) му честиташе и поранешниот американски претседател Доналд Трамп. 

„Целиот свет гледаше! Јас сум многу горд на тебе. Ќе ја свртиш својата земја и навистина ќе ја направиш Аргентина повторно голема“, напиша Трамп во честитката на социјалните мрежи.


Малеј, самопрогласен анархокапиталист, им вети на гласачите радикален пресврт: сака да ја укине централната банка и националната валута и да ги замени со американскиот долар, да укине бројни министерства и радикално да ги намали распределбите на социјалната политика.

Радикалната програма како што предлага Малеј е особено популарна меѓу младите луѓе кои познаваат само постојани кризи во нивните животи и се разочарани од политичкиот естаблишмент и сакаат нешто сосема ново.

За време на кампањата, тој ги нарекуваше своите конкуренти „политичка каста“, „комунисти“, „паразити“ и „пијавици“, а политичките митинзи ги водеше со моторна пила, симболизирајќи ја неговата намера да ги „исече“ државните трошоци. Всушност, на економската страна, тој се залагаше за целосен пресврт во економските политики што Аргентина ги спроведува околу сто години и кои ја доведоа до сегашната состојба. 

Фото: Принтскрин/Твитер

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин