Негувателка истурила кафе врз дете во градинка, ја чека отказ
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2016
Негувателка со врело кафе изгорела пет годишно девојче во градинка во Скопје.
Кафето го истурила додека поминувала покрај креветчето во кое било девојчето. Инцидентот се случил вчера околу пладне додека децата спиеле во објектот „Чекорче” кој е во состав на градинката „Срничка“ во Аеродром.
Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница на лицето. Директорот на градинаката најави отказ за негувателката.
Случајот во полиција го пријавила 33 годишната мајка на девојчето.
Од Ургентниот центар велат дека девојчето било прегледано во амбулантата на Клиниката за детска хирургија и по укажаната лекарска помош е пуштено дома.