Неисплаќањето на платите да биде кривично дело
Објавено во: Балкан 28 Март, 2013
Претседателот на Стопанската комора на Федерацијата Босна и Херцеговина Јаго Ласиќ изјави дека е потребно да се измени сегашниот кривичен закон во босанскиот ентитет, со тоа што и неисплаќањето на платите ќе се смета за кривично дело.
- Сметам дека овие измени се потребни со цел да се намали бројот на девијациите при исплаќањето на платите, оцени Ласиќ и го наведе примерот дека понекогаш заработувачките се исплаќаат преку бонови, со што се избегнува плаќањето придонеси.
Тој наведува дека со овој предлог се согласиле и учесниците на неодамнешниот Колегиум на претседатели на стопанските комори во Федерацијата и оти измените и дополнувањата на тој закон ќе бидат испратени до Владата на БиХ и во парламентарна процедура