17 Ноември, 2025
0.0343

НЕКАДЕ ИЛЈАДНИЦИ НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА, НЕКАДЕ И НИСКА ИЗЛЕЗНОСТ: Каква порака им пратија гласачите на политичарите?

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2025 07:44

Добивај вести на Viber

И овие локални избори во поголемите градови има по илјадници неважечки гласачки ливчиња, додека во одредени општини и излезноста е ниска, што алармира дека гласачите се незадоволни. На ниво на целата држава, излезноста е под 50 отсто, а бројот на неважечки гласачки ливчиња е 23.930.

Васил Радиноски, кој беше првиот градоначалник на Општина Вевчани вели дека нискиот одзив и бројот на неважечки ливчиња укажуваат дека граѓаните не се задоволни. Објаснува дека луѓето сакаат пореални, покреативни програми, но и народни, енергични политичари кои ќе бидат достапни за решавањето на бројните проблеми.

„Македонија е многу централизирана, мали се надлежностите на локалните самоуправи и практично сѐ е диктирано од Скопје. Сите кадри се практично луѓе на партиската елита. Тоа е еден од факторите зошто е мала излезноста според мене. Втора работа, програмите се вратат околу истите работи, водовод, канализација, нема ништо ново. Новите општини веќе не се нови, тие се во зрела фаза, со години постојат и не можеш да ги воодушевиш луѓето со водовод, канализација, пат. За Скопје, како главен град кој треба да оди со проекти од областа на културата,  спортот или некој повисок општествен проект, се фокусираат на ѓубрето. Значи тој што бара доверба од народот, треба да има личен печат. Треба да се бараат кандидати што се идентификуваат со локалната заедница, да го познаваат духот на народот, да живеат со него. Има места во Македонија што имаат свој локален идентитет. Кандидатите да не бранат партии, туку да работат за локален интерес. Во локалната политика не се само комуналните проблеми. Многу е тешко да се решаваат проблемите во малите места. Потребни се храбри, енергични, но и кротки луѓе во смисла на комуникација. Проблемите не се решаваат за една година, некои и за 4 години не се решаваат, треба „напад“ на проблемите“, вели  Радиноски.

Објаснува дека кандидатите треба навреме да бидат промовирани и како што додава, ако некој независен има амбиција да учествува на идните локални избори, уште сега треба да биде присутен во јавноста и да ги запознае луѓето со своите ставови.

„Еден мој пријател велеше дека дијамантите се создаваат под голем притисок и ако сакаме да имаме силни градоначалници и силни совети, тие мора да се изборат со притисокот што го прави власта и партиите од опозицијата“, додава Радиноски.

Изборите во Македонија ни покажаа дека секогаш ќе има гласачи кои се спремни да поминат илјадници километри, да дојдат во родниот крај и да гласаат, но и обратно, има луѓе кои се во земјава, а не сакаат да гласаат.

„На хартија има многу работи, а во пракса знаеме што има. Во локалната заедница директно  се гледа што е направено, а што не. Не можете да кажете дека нешто сте направиле, затоа што на крајот на денот си има сумирање. Апатија секако дека има кај гласачите. Погледнете ја излезноста, погледнете ги неважечките ливчиња. Изборните ветувања се една работа, а реализацијата е друга работа. Гледаат луѓето каков избор има, каква понуда има. Гласање за советници е една работа, за градоначалникот е сосема друга работа, тој има извршна функција. Советниците можат да договараат, но немаат извршна функција. Луѓето се врзуваат за генералната слика во локалното место. Не му треба на народот некој да му каже што има, а што нема во градот или селото. Таа пасивност кај гласачите е поголема на локалните избори, за разлика од парламентарните. Мое мислење е дека градоначалниците треба да имаат тимови од луѓе. Замислете сега 50.000 луѓе да сакаат да разговараат со градоначалникот, невозможно е. Мора да има луѓе кои се спремни да трпат критика, а кај нас тоа го нема. Луѓето нив ќе ги бараат за критика, и ако нешто им фали, треба да има канал преку кој ќе добијат повратна информација, а не да ги оставаат на чекање“, објаснува Ѓорѓи Танушев, кој бил советник во Советот на Општина Струмица од независната листа СТИГА Е.

Само во град Скопје има над 10.500 неважечки ливчиња, во Тетово се над 2.000, во Куманово се повеќе од 1.300, во Струга неважечки се 1.222 ливчиња и во Кичево има 878 неважечки.

Куманово забележа ниска излезност од 35.70 отсто, во Скопје беше 35.33 отсто, во Боговиње излезноста изнесуваше 39.96 отсто, во Шуто Оризари 32.03 отсто.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА: Се судрија „форд“ и мотоцикл „бмв“

ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА: Се судрија „форд“ и мотоцикл „бмв“

СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ВАУЧЕРИ ЗА ТАБЛЕТИ И ЛАПТОПИ - Јавниот повик отворен до 20 декември

СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ВАУЧЕРИ ЗА ТАБЛЕТИ И ЛАПТОПИ - Јавниот повик отворен до 20 декември

„Кривичниот законик повеќе не смее да служи како амнестија!“: Вреди бара систем што ќе ги штити граѓаните

„Кривичниот законик повеќе не смее да служи како амнестија!“: Вреди бара систем што ќе ги штити граѓаните

Лов на луѓе за 100 марки: Суровата вистина за „Сараево Сафари“

Лов на луѓе за 100 марки: Суровата вистина за „Сараево Сафари“

„ЗА АЛБАНЦИТЕ, СОНЦЕТО ИЗГРЕВА НА ЗАПАД“: Ахмети му честиташе на Рама за достигнувањата на европскиот пат

„ЗА АЛБАНЦИТЕ, СОНЦЕТО ИЗГРЕВА НА ЗАПАД“: Ахмети му честиташе на Рама за достигнувањата на европскиот пат

(ВИДЕО) „ЛОЈАЛНОСТА КОН УСТАВОТ Е ДОЛЖНОСТ НА СИТЕ“: Костадиновски го честиташе Денот на Уставот

(ВИДЕО) „ЛОЈАЛНОСТА КОН УСТАВОТ Е ДОЛЖНОСТ НА СИТЕ“: Костадиновски го честиташе Денот на Уставот

ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?

ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?

ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје

ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот