05 Декември, 2025
0.0384

Некаде поголеми гужви, во други маркети ред, маски и ракавици

Објавено во: Македонија 17 Март, 2020 11:28

Добивај вести на Viber

Граѓаните да не прават залихи од храна за подолги периоди, да не се туркаат во продавниците за да не го загрозуваат сопственото здравје и здравјето на другите граѓани. Надлежните апелираат да се созадва ред и ги повикуваат сопствениците на ланците маркети да им овозомжат на граѓаните да пазарат мирнои достоинствено и во вакви услови.

Фактор направи обиколка на дел од маркетите утринава. Поголема гужва има во помалите каде влегувањето е ограничено на неколкумина  купувачи. Од Стокомак вчера соопштија дека е дозволено во маркетите да има по десетмина, но во помалите маркети ограничувањето е на петмина. Останатите чекаат пред самата продавница. Вработените носат маски и ракавици и се обидуваат да ги наредат сите производи кои недостигаат, но има и недостиг на одредени продукти. На дел од касите, сепак е невозможно да се направи растојание поголемо од еден метар.


Она што им создава нервоза на граѓаните е што мора да чекаат, но дел од нив што ги затекнавме пред Стокомак велат дека доаѓаат речиси секојдневно, по леб и основни намирници.

Сликата пред Веро е поинаква. Таму и денеска немаше значајна гужва односно пазарењето беше организирано, немаше турканици и чекање за влез. Впечатливо е дека на влез има оставени ракавици за да си земе секој купувач додека пазари, како и гелови за дезинфекција. Вработените се со маски и ракавици и постојано ги опоменуваат тие што чекаат во ред на каса да држат растојание од другите.


„Од вирусот сум исплашен од здравствен аспект, но не правам залихи од храна. Дома имам основни производи за два-три дена, па потоа повторно излегувам да набавам тоа што ми треба. Доаѓам во Веро затоа што нема огромни гужви за влез, на рафтовите има доволно производи за сите. Досега не сум начекал празни рафтови, најверојатно затоа што веднаш ги дополнуваат. Има доволно брашно, тестенини, масло, сапуни, конзерви, се она што масовно се купува деновиве, рече скопјанецот Миле В.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека нема место за паника и дека сите супермаректи и дистрибутери имаат доволно залихи. Порача дека има маркети кои се грижат за здравјето на граѓаните и дека и тие треба да им возвратат. 

А.Т.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип