Некогаш го имаше во секоја куќа во Југославија: Денес се продава за 1.000 евра
Објавено во: Економија 17 Јули, 2025 18:24
Без разлика дали сте биле во стан во Белград, Нови Сад, Загреб, Сараево или во Скопје, беше речиси незамисливо домот да нема барем едена „фино изработена“ ракотворба.
Денес, во современите минималистички ентериери, милјеата често се прогласуваат за реликвии од минатото. Многумина ги перцепираат како кич, спомен на ерата на тапетите со цветни мотиви и масивниот мебел од масивно дрво. Сепак, трендовите се непредвидливи.
Минатата година, плетените простирки накратко блеснаа во центарот на вниманието кога хрватскиот музичар Бејби Лазања, омилен учесник на Евровизија, стави милје на главата и предизвика лавина од објави на социјалните мрежи. Луѓето повторно ги извадија ракотворбите на своите баби од фиоки и тавани.
Но, она што особено привлече внимание беше пазарната вредност.
На Njuškal (хрватска рекламна страница) се појави оглас за рачно изработен чаршаф, богато извезен и украсен со чипка - по цена од 1.100 евра. Друг плетен прекривач со димензии 240×240 см се продава за 900 евра. Помали милјеа се нудат за 300 евра, додека оние со скромни димензии и поедноставен дизајн може да се најдат за 10 до 100 евра.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




