23 Ноември, 2024
0.0288

Некои нови Талибанци – Како падна Авганистан по 20 години воени интервенции?

Објавено во: Македонија 19 Август, 2021

Добивај вести на Viber

20 години сојузниците војуваа во Аганистан, за веднаш по повлекувањето на странските сили Талибанците со мал отпор да ја освојат земјата и да го вратат нивниот режим на владеење. Во двете мисии, ИСАФ и Одлучна поддршка, земјава учествуваше со над 3.500 воен персонал, инструктури и доктори. Анализираме со професор и поранешен амбасадор Нано Ружин и професор Никола Дујовски. Што се случи со демократизацијата и трансформацијата на Авганистан?

„Реакциите на јавното мислење во Европа и во САД по повод брзото паѓање на Кабул во рацете на Талибанците се споредува со „поразот на Американците при повлекувањето од Сајгон“ во седумдесетите, Германците сметаат дека Германија го доживееала „Германскиот Сајгон во Авганистан“ а поранешниот претседател Доналд Трамп побара оставка од Џо Бајден бидејки дозволил „САД да бидат понижени од страна на Талибанците". Напорите на меѓународната заедница за демократизација на Авганистан беа огромни. Се смета дека се потрошени околу 8.000 милјарди долари во обука на населението, невладиниот сектор и армијата на Авганистан која достигна 300.000 луѓе. Меѓутоа мажите стапуваа во авганистанската армија за да ги прехранат семејствата. Но, како во администрацијата така и во армијата владееше огромна корупција. Затоа по првите посериозни удари на Талибанците таа се распадна како меур“, оценува Ружин за Фактор.

Се повторува ли сликата од ИСИС кои го искористија распадот на институциите на Ирак, Сирија и Либан, па дури и го запоседнаа најмодерното оружје од безбедносните сили кое беше донирано од САД?

„Состојбата во Авганистан е особено сериозна, треба да не загрижува сите затоа што таму е на повидок воспоставување или враќање на режимот кој апсолутно не ги почитува основните човекови права. Станува збор за хуманитарна катастрофа која може да се прелее од границите иако од првичните најави се гледа дека Талибанците ќе имаат различен пристап во земјата, со соседите па и со меѓународната заедница“, смета професор Дујовски.

Може ли да се оправда дведецениското, вклучувајќи го и придонесот на македонската армија?

„Кога Бајден како и Трамп истакнаа дека целта на САД била да се победи Ал Каеда, со убиството на Бин Ладен и соработниците, целта на САД била исполнета. Договорот што го потшиша Трамп во 2020, беше инспириран од идејата да не дојде до рецидив на тероризмот во Авганистан. На тоа се свесни и раководството на Талибанците, дека ДАЕШ е нивниот главен непријател кој им се заканува, иако голем број џихадисти од светот кои го помагаа меѓународниот тероризам навлегоа во Авганистан. Од воен аспект, присуството на македонските мировници беше оценето со највисоки резултати и признанија. Тие го обебзедуваа патот од аердромот до Кабул, а учествуваа во одбрана на неколку стратешки точки, амбасади и др. Од аспект на интероперативноста нашите војници воедно се адаптираа кон НАТО сатндардите, го покачија рејтингот на нашата армија меѓу сојузниците“, смета Ружин.

Дали брзиот распад на институциите на Авганистан е калкулација за всушност признавање на Талибанците како нов меѓународен фактор кој мора да биде земен сериозно како главна политичка и воена сила во Авганистан. Колку тоа го нарушува угледот на САД на меѓународната сцена и воопшто присуството и интервенциите на Блискиот Исток?

„Ова најверојатно можеше да се спречи. Еден различен пристап во менаџирањето на безбедносните прашања при повлекување на една цела администрација, не само на воената машинерија на САД туку и генерално на еден дел апарат на власта и армијата на Авганистан. За само неколку дена безбедносните служби целосно потфрлија и воопшто не се спротиставија на налетот на Талибанците, што значи дека ги презеле неопходните мерки“ потенцира Дујовски.

Приемот на стотина бегалци од Авганистан е под силни критики на јавноста, дека ете конечно се реализирал „фамозниот план“ за прием на илјадници мигранти. Зошто јавноста е толку сензитивна по ова прашање, но и зошто токму САД ја вклучи Македонија меѓу земјите кои ќе примат бегалци од првиот бран по падот на Кабул, имаме ли ние таков капацитет?

„Иако не верувам во помасовен прилив на Авганистанци во Северна Македонија, сепак е добар потег што како држава-членка на Алијансата владата понуди подготвеност да прими бегалци од оваа далечна држава. Македонците и останатите етнички заедници се познати како приемчиви и доборнамерни луѓе. Бројните историски настани, војни, пљачкосувања, протерувања и останатите неповолни ефекти ја развиле сензибилноста на нашиот човек кон несреќата на другите. Меѓутоа долгата транзиција, кризата на идентитетите, силните верски белези, непријатностите со војните на Балканот, влијаат врз претерената чувствителност на граѓаните и го зголемува скептицизмот кон странците кои пристигаат од сиромашни региони. Вториот аспект на медалот е во политизацијата, евро-скептицизмот и нато-скептицизмот, нивото на политичката култура, нискиот животен стандард“, вели професорот Ружин.

Што понатаму во Авганистан, но и целокупниот регион. Може ли да се очекува нов наплив на радикализам, или пак има шанси за мир и „ребрендирање" на Талибанците како меѓународно признаен фактор со соодветен дипломатски притисок кон нормализирање на состојбата?

„Каква ке биде иднината, сѐ уште е рано да се оцени? Се претпоставува дека е можен судир помеѓу ултра радикалните Талибанци и оние кои се поумерени. Засега поаѓајки од примерите дека Талибанците им овозможија на поголем број функционери против кои војуваа да заминат - зборува дека умерената линија на Талибанците е доминантна. Меѓународната заедница има алатки за пресија врз Талибанците и тоа заради следниве причини: Пред се Талибанците настојуваат да ја надминат сликата дека се терористи, создадени од муслимански фанатици, кои се против сите женски права и против Западот и САД. За да владеат тие имаат потреба да бидат меѓународно признати и затоа воспоставија односи со Русија, Кина, Иран и други држави. Талибанците истакнаа дека ќе настојуваат да создадат една инклузивна влада со учеството на други политички и етнички субјекти на државата. Веќе делегација на Таџикистанци и Узбекистанци преговараат со Талибанците во Пакистан. Од своја страна САД и ЕУ истакнаа дека признавањето на Талибанската влада ќе зависи од нејзинот однесување во третманот на граѓаните и особено жените. Особено што во послендиве години Авганистан забележа извесен напредок на тој план“, заклучува Ружин.

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип