23 Април, 2024
0.0280

НЕКОЈ 50 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ И ПОВЕЌЕ, НЕКОЈ МНОГУ ПОМАЛКУ - кој и колкава плата зема од јавниот сектор

Објавено во: Економија 09 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Уште не стивнуваат реакциите откако Владата донесе одлука како една од антикризните мерки да биде намалување на платите само на избраните и именуваните функционери, а не на целиот јавен сектор како што претходно размислуваше.

Особено жестоки критки доаѓаат од приватните компании, најмногу оние кои го почувствуваа најсилно ударот на кризата, па дури и беа принудени да отпуштаат работници, наспроти бројната армија во јавниот сектор, од која добар дел има и тоа како високи плати.

Фактор од свои извори усепе да дојде до платите на вработените во јавната администрација, но притоа треба да се има предвид дека овде имаме само околу 7.000 до 7.500 вработени, а тоа се оние што работат во министерствата, фондовите, судовите, затворите, државните агенции, Царината, Управата за јавни приходи, како и оние што се вработени во локалните самоуправи.

Нашите извори велат дека во овие институции, плати од 30 или над 30 илјади денари земаат само раководните службеници, или конкретно, три категории, како што се раководителите на сектор, нивните помошници, како и раководителите на одделенија.

Или конкретно, раководителите на сектор, за кои се вели дека во проек во едно министерство ги има петтмина, иако некаде се и повеќе, земаат чиста нето плата од 37 илјади денари. Ова значи дека оние што имаат подолг стаж, зависно од годините на стажот, земаат и повисоки плати.

Втората категорија се помошниците раководители на сектор, кои земаат чиста нето плата од по 32 илјади денари, што значи без стаж и другите додатоци.

И третата категорија „високоплатени“ административци се раководителите на одделенија, чија чиста нето плата тежи околу 29 илјади денари, односно сигурно никој не е под 30 илјади денари ако се имаат предвид другите додатоци.

Или, на сите овие раководни службеници, отпаѓаат околу 10 проценти од вкупниот број од вработените во јавната администрација.

Потоа, според висината на платите, доаѓаат таканаречените соработници, кои опфаќаат околу 25 отсто од вработените во јавната администрација. Нивните чисти нето плати се меѓу 20 и 24 илјади денари, или повисоки доколку имаат подолг стаж и зависно од годините поминати на работа. 

РЕФЕРЕНТИТЕ ЗЕМААТ МЕЃУ 14.500 ДО 16.500 ДЕНАРИ

И, како што тврдат нашите извори, дури 65 отсто, односно најголемиот број од административците се референтите, кои според платите се поделени во четири категории, но нивните плати се движат од 14.500 до 16.500 денари чиста нето плата, што значи повисока за оние со подолг стаж.

Токму од тие причини, според нашите сознанија, од Синдикатот на управата и парвосудството, УПОЗ, се револтирани од нападите кои деновиве континуирано доаѓаат на сметка на јавната администрација. Тие, имаат голем број работни задачи, а нивните плати не се воопшто високи, туку напротив, најголемиот дел се под просечната плата во земјава.

Но, ова е само мал дел од јавниот сектор. Знаеме дека тука влегуваат и Полицијата, Армијата, здравството и образованието, кои исто така, не земаат превисоки плати, а како што е познато, деновиве се на најистурените позиции поради коронавирусот.

КОИ СЕ ОНИЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ

Станува збор за бројни агенции, како и комисии, кои самостојно остваруваат свои сопствени приходи, и всушност тие излегуваат од овој систем на плати. На пример, Агенцијата за електронски комуникации, Регулаторната комисија за енергетика, Управата за цивилно возухопловство, но и редица други вакви институции, каде платите на вработените се и до 50 илјади денари месечно па и нагоре. 

Исто така, високи плати се земаат во Државниот завод за ревизија, како и Народната банка, кои отстапуваат од овие просечни плати на административците, и се многу повисоки.

Во друштвото на добро платени влегуваат и вработените во акционерските друштва во државна сосптвеност, на пример енергетските ЕЛЕМ и МЕПСО, каде е познато дека се делат огромни плати на вработените, од 45 до 50 илјади денари па нагоре. 

И конечно, во грушата „среќајлии“ влегуваат и вработените во јавните претпријатија, кои исто така земаат многу повисоки плати од „обичните административци“. Плус, кај нив има и колективни договори, регрес и бонуси, што ги прави да бидат во многу поповолна позиција.

Сите овие вработени, засега не го делат товарот од кризата со другите работници во приватниот сектор, од кои некои и беа принудени да ги изгубат работните места.

Дознаваме дека Министерството за информатичко општество и администрација се обидува да издејствува да се донесе рамковен Закон за платите во јавниот сектор, со цел да има еден вид рамноправност меѓу сите оние што работат на државни јасли.

Фактор праша во МИОА зошто Владата не донесе уредба со која ќе се намалеа платите на сите вработени во јавниот сектор, а не само на избраните и именуваните функционери, дали тоа не е во функција на еден вид политичко додворување кон административците и зошто не се донесе одлука со која ќе се редуцираа платите на сите вработени во јавниот сектор, макар до висината на просечната плата во земјава, односно околу 25 илјади денари. 

Оттаму очекуваме одговор, а штом ќе го добиеме, ќе го објавиме во целост.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Кој заработи 1,5 милиони евра од извоз на јагнешко за католички Велигден?

Кој заработи 1,5 милиони евра од извоз на јагнешко за католички Велигден?

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

Јаким Неделков: Легна зголемена плата за 12 отсто на сметките

Јаким Неделков: Легна зголемена плата за 12 отсто на сметките

Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“

Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“

Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!

Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!