05 Декември, 2025
0.0259

Некој ги мрази, некој ги сака – мигрантите одат по пари!

Објавено во: Анализа 20 Февруари, 2015 09:41

Добивај вести на Viber

Имиграцијата кон Германија повторно се зголемила и во првата половина на 2014 година достигна 667 000 лица, соопшти германската статистичка служба. Бројот на имигрантите се зголеми за 112 000 луѓе, или 20 проценти, во однос на првото полугодие на 2013 година. По четврти пат имиграцијата во првото полугодие бележи двоцифрен раст. Во бројот на имигрантите се вклучуваат сите лица, кои пристигнале во Германија и се регистрирани, вклучувајќи ги и барателите бегалски статус. Истовремено во текот на првите шест месеци од минатата година 427 000 луѓе ја напуштиле Германија, поради што нето имиграција за извештајниот период е еквивалентна на 240 000 лица, што е зголемување од 17 проценти на годишна основа. Повеќето имигранти пристигнале во Германија од други европски земји, а најголем е бројот на Романците (98.000), Полјаците (96.000) и Бугарите (38.000). Меѓу не европските земји најмногу имигранти пристигнале од Сирија – 22.000, што е зголемување од 242 проценти. Две третини од Германците во меѓувреме се против имигрантите од земјите надвор од ЕУ, покажува новото истражување на "Евробарометар" по нарачка на Европската Комисија. 61% од Германците се против овие имигранти, додека просекот во ЕУ изнесува 57%. Темата имиграција е најважниот проблем за Германците, и дури ја дислоцира темата за должничката криза. Уште посилно од Германија е негативното мислење во Италија (75 проценти), Литванија (79%) и Словачка (74%). Општо земено Германците се позитивно настроени кон имиграцијата за разлика од останатите земји членки на ЕУ. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени