26 Декември, 2024
0.4136

НЕКОЈ ПОВТОРНО КУПУВА АКЦИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - кај кого заврши малиот пакет од половина процент за 67 илјади евра

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Преку Берзата вчера помина блок трансакција со акциите на Стопанска банка Битола. За познат купувач во еден наврат се продадени 1.687 акции, по цена од 2.450 денари за акција, со што за вкупната зделка е платена сума од 4,1 милиони денари. 

Тоа значи дека вчера некој за овој акционерски пакет на Стопанска банка Битола плати сума нешто повисока од 67 илјади евра. 

Инаку, со оглед што оваа банка има вкупно издадено 390.977 акции, излегува дека вчера е продаден мал акционерски пакет од нецел половина процент, или прецизно 0,43 отсто од вкупниот капитал на банката. 

Засега не се знае ниту кој е купувачот, ниту кој е продавачот на овие акции, а веројатно појасна слика би имало во следниве денови. 

Инаку, на редовното тргување вчера на Берзата била продадена мала количина од акциите на Стопанска банка Битола, односно 20 акции, по цена нешто пониска од онаа по која се реализираше блок трансакцијата, односно по 2.371 денар за акција, што е намалување во однос на претходните денови. 

Како што веќе пишувавме, на 10 ноември дотогашниот претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола, Владимир Ефтимоски, после долги години успешно раководење со банката, поднесе оставка од функцијата член и Претседател на Управниот одбор, а на негово место за претседател на Управиот одбор е назначена Александара Радевска. 

На крајот на октомври, пак, познатиот бизнисмен Антони Пешев беше именуван за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка БитолаТој беше именуван со мандат од четири години, како независен член на Одборот на директори на банката.

Фактор неодамна објави дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола, која неодамна прослави 75 години постоење на македонскиот банкарски пазар, со една од нашите најголеми банки, поточно со Комерцијална банка. 

И двете банки открија дека се размислува за таков чекор, но работите ќе бидат појасни напролет, откако ќе бидат изготвени завршните сметки на двете банки. Доколку дојде до нивно спојување, ќе настане навистина голема банка, чија актива сериозно ќе се доближи до три милијарди евра.

Фактор од свои извори дознава дека идејата за спојување на двете банки и натаму е „жива“ и сериозна, и дека и двете страни не се колебаат околу најавата за нејзина реализација.

Сепак, нашите извори и натаму стојат на ставот дека вистинската длабинска анализа ќе биде спроведена после усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки, на нивните собранија кои ќе се одржат по првиот квартал во 2024 година.

Кон крајот на септември, пак, еден ден откако двете банки објавија ценовно чувствителни информации дека сериозно ја разгледуваат можноста за присоединување, преку Берзата се реализираа две блок трансакции со акциите на Стопанска банка Битола. 

Во првата трансакција беа истргувани акции за близу 300 илјади евра, или прецизно за 296 илјади, додека во втората за 140 илјади евра.

Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, и натаму најголем акционер и единствен кој има акции над пет отсто во Стопанска банка Битола е компанијата „Пелистерка“, со пакет од 16,99 проценти од акциите во банката.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛГОГОДИШНИОТ ДИРЕКТОР ОСТАНУВА НА КОРМИЛОТО НА ТТК БАНКА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - НБМ даде согласност за Драгољуб Арсовски

ДОЛГОГОДИШНИОТ ДИРЕКТОР ОСТАНУВА НА КОРМИЛОТО НА ТТК БАНКА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - НБМ даде согласност за Драгољуб Арсовски

„Стабилноста на денарот е загарантирана“: гувернерката Ангеловска-Бежоска уверува и додава дека се уште има голема неизвесност

„Стабилноста на денарот е загарантирана“: гувернерката Ангеловска-Бежоска уверува и додава дека се уште има голема неизвесност

КОНЕЧНО ОТКРИЕНИ ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Еве каде заработуваат како кралеви, а каде едвај преживуваат

КОНЕЧНО ОТКРИЕНИ ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Еве каде заработуваат како кралеви, а каде едвај преживуваат

ЗАЕДНО ПОБОГАТИ ОД РУСИЈА, КАНАДА И ИТАЛИЈА: Кои се јунаците?

ЗАЕДНО ПОБОГАТИ ОД РУСИЈА, КАНАДА И ИТАЛИЈА: Кои се јунаците?

ЦКБ БАНКА ИЗДАВА КОНВЕРТИБИЛНИ ОБВРЗНИЦИ НА СУМА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА - кој сака ќе може да ги претвори и во акции, ова се условите

ЦКБ БАНКА ИЗДАВА КОНВЕРТИБИЛНИ ОБВРЗНИЦИ НА СУМА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА - кој сака ќе може да ги претвори и во акции, ова се условите

КАКО ПОРАСНАА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОЈ СЕ БЛИЖИ ДО АКТИВА ОД ТРИ, А КОИ НАДМИНАА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - најнови податоци на централната банка

КАКО ПОРАСНАА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОЈ СЕ БЛИЖИ ДО АКТИВА ОД ТРИ, А КОИ НАДМИНАА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - најнови податоци на централната банка

ДВЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ETIAS: Проверете дали сте дел од нив

ДВЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ETIAS: Проверете дали сте дел од нив

НОВ БЛОК СО АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - кој плати 57 илјади евра за 121 акција

НОВ БЛОК СО АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - кој плати 57 илјади евра за 121 акција

БАНКИТЕ СЕ ПОЛНИ КАКО „БРОДОВИ“ СО ГРАЃАНСКИ ЗАШТЕДИ, СЕГА СЕ 6,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - довербата ја гради и Фондот за депозити, еве што треба да знаеме за сигурноста на парите

БАНКИТЕ СЕ ПОЛНИ КАКО „БРОДОВИ“ СО ГРАЃАНСКИ ЗАШТЕДИ, СЕГА СЕ 6,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - довербата ја гради и Фондот за депозити, еве што треба да знаеме за сигурноста на парите