20 Декември, 2025
0.0358

Неколку банки ќе ја тужат Хрватската влада поради франакот

Објавено во: Балкан 04 Септември, 2015 10:30

Добивај вести на Viber

Хрватскиот план за конверзијата на 3,4 милијарди долари кредит во швајцарски франци во евра ги крши законите на Европската унија и билатералните договори за вложување, оцени групата банки во странска сопственост која работи во Хрватска и најави покренување на судски спор против тамошната влада.

Ерсте група, Уникредит, Збербанка, Рајфазен и Хипо група ќе поднесат тужби против хрватската влада доколку не се откажат од законот за конвертување на кредити од швајцарски франци во евра по историски ниска камата, пишува во заедничкото соооштение на овие банки .

Владата на Хрватска неодамна најави законски предлог за конверзија на сите кредити во франци во евра, со отпис на дел од капиталниот заем, при што трошоците на таквото решение би ги сноселе банките. Со ова капиталниот заем би се намалил за 30 одсто.

-Сериозно сме загрижени поради ваквиот развој и изјава од владата на Хрватска... Принудна конверзија, без разгледување на состојбата со приходи или способноста на клиентот да го сервисира долгот, претставува грубо ретроактивно менување на договорот - оценуваат банките,

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација