19 Декември, 2025
0.0375

Неколку факти за светото овошје – Смоквата

Објавено во: Стил 25 Август, 2014 20:40

Добивај вести на Viber

Дали некогаш сте се запрашале каква нутритивна вредност има смоквата која толку многу ве намамила, што крадешкум сте ја откинале од грмушката во некој двор?

Освен што веднаш Ве асоцира на слатка закуска во летните горештини, смоквата заслужува внимание со оглед на значајната нутритивна и лековита вредност која ја поседува.

Смоквата (Ficus carica) од фамилијата Дудинки потекнува од Азија, а денес на големи плантажи се одгледува во земјите на медитеранскиот појас. Нејзината вредност како храна и лек им била позната на старите Грци кои ја сметале за „свето овошје“ и со закон било забрането нејзиното изнесување надвор од земјата.

Денес постојат преку 500 различни видови смокви, кои поради специфичниот вкус им се омилени на сите генерации. Може да се јадат свежи, суви, но и преработени како мармалад, слатко, компот. Замрзнати може да се чуваат до 6 месеци.

Свежиот плод содржи до 80% вода, 15% овошен шеќер, пектин и органски киселини.

Од минералите во 100 г смокви доминира (270 мг), потоа калциум (42 мг ), магнезиум (17 мг), железо (0,370 мг), фосфор (17 мг), цинк (0,3 мг) и бакар (0,5 мг).

Бета каротенот (провитамин А) е најзастапен од витамините, како и групата на Б витамини (Б1, Б2, Б3, Б6). Витаминот Ц го има многу малку, само 3 мг.

Смоквата содржи и аминокиселина триптофан, која е важна за функционирање на имунолошкиот систем.

Поради сите претходно наведени факти за смоквата, истата треба да биде присутна во тек на целата година во исхраната, а нестрпливо ќе го очекуваме летото да уживаме во свежите смокви.

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се