Неколку хотели треба да се градат во Скопје – инвеститорите никаде ги нема!
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2013 08:20
На левиот брег на реката Вардар, спроти градскиот парк, освен хотелот на Јованов, предвидена е изградба на уште два хотели од страна на фирмата 3Д Тим Инвест ( во сопственост на Марјан Јованов) и на албанската компанија Амадеус Груп. Во општина Центар немаат информации ниту за динамиката на изградба на овие два хотели, но потврдуваат за добиени градежни дозволи, барем за еден од инвеститорите.
„Фирмата 3Д Тим Инвест веќе има градежна дозвола, но Амадеус груп нема уште добиено. Тие доставија идејно архитектонско решение кое се уште се разгледува во општината, што значи се уште се во процедура“, кусо одговорија од општината.
Но, процедурата е јасна за изградба на сите планирани хотели. Инвеститорите имаат обврска да ја обезбедат градежната дозвола во рок од 9 месеци по купувањето на земјиштето, а објектите да ги изградат во определен законски рок од шест години. Нема информација дали Амадеус груп ќе плаќа пенали за доцнењето иако компанијата која има отворено претставништво во Скопје, купи земјиште и во скопската општина Петровец за изградба на друг хотел. Локацијата се наоѓа во близина на аеродромот Александар Велики.
И Охрид ги чека своите луксузни хотели
Хотел од светски бренд, но во Охрид, треба да гради и туристичката агенција Фибула ер травел, која исто така, пред две години купи две атрактивни државни локации за само 20 илјади евра. Но, сопственикот Асим Меџедовиќ за Фактор вели дека се уште ја нема извадено градежната дозвола.
„Земјиштето е чисто, но чекаме некои фирмално правни детали да се средат. Овој период го користевме да разговараме со неколку ланци светски хотели, бидејќи откога ќе го изградиме треба и да го брендираме. Бевме и на саеми во Истанбул, Холандија, Австрија, Хелсинки и веќе бараме потенцијални гости„ вели Меџедовиќ.
Како инвеститор на луксузен хотел во Охрид се јавува и фирмата Дивелоп Груп која пред две години ја купи познатата локација Горица 3, која повеќе години не можеше да најде инвеститор. До денеска и на оваа локација нема градежни активности.
Првиот Мериот во Скопје веќе се гради на плоштадот Македонија
Иако првично беше најавено дека првиот светски хотелски бренд во Скопје ќе биде изграден до октомври годинава, најверојатно ќе има пролонгирање на инвестицијата. Фирмата Дивелоп груп која се јавува како инвеститор на Мериот, дел од светскиот синџир Мериот интернационал, веќе забрзано гради на плоштадот Македонија, но изградбата е се уште во почетна фаза.
Во близина на мостот Близнак, покрај реката Вардар, хотел треба да гради и Ајдован Адемовски, инвеститорот на Стоун бриџ, а во општина Петровец, освен Амадеус груп, парцела купи и наш повратник од Австралија со фирмата Лид градба, која плати 35.000 евра за земјиште за изградба на хотел кој ќе биде со висина од 25 метри, приземје и шест ката.
Соња Наумовска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





