НЕКОЛКУ МОДЕЛИ НА НЕВЕРА НА РИМАЦ СЕ ПОВЛЕЧЕНИ, МОЖЕ ДА СЕ ЗАПАЛАТ: На сопствениците им се препорачува да не го возат автомобилот
Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2024 13:19
Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД повлече девет модели на Rimac Nevera од 2023 и 2024 година поради опасност од пожар. Проблемот лежи во нисконапонскиот кабел C19, кој може да направикраток спој и да се прегрее доколку не е правилно прицврстен. Поради потенцијалниот ризик од пожар, на сопствениците им се препорачува да не го возат автомобилот додека не помине технички преглед, пишува Форбс.
Сервисните центри ќе го прегледаат и поправаат кабелот бесплатно. Во моментов се информираат продажните места, а сопствениците на возилата ќе бидат известени од 18 ноември.
Иако повлекувањата не се невообичаени во автомобилската индустрија, интересно е како е откриен овој проблем. Можно е да е идентификуван по инцидент со некој од муштериите. Пожарите во електричните возила се особено опасни доколку го зафатат акумулаторот, бидејќи за нивно гаснење е потребно големо количество вода.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




