15 Јануари, 2025
0.0251

Нелојална конкуренција?: „Еко-таксата“ ја плаќаат само половина претпријатија

Објавено во: Економија 10 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во моментов само половина од увозниците на електрична и електронска опрема за нејзино користење или продажба во Македонија ја плаќаат „еко-таксата“ која треба да заврши кај „колективните постапувачи“, односно оние кои со тој надоместок треба да се грижат за отпадот што се создава од овие уреди во земјата. Овој надоместок не е мал и еден маркет за бела техника, на пример, треба да плати 1.500 денари за еден фрижидер од 30 килограми.

Во Регистарот на регистрирани производители во Министерството за животна средина согласно со Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема запишани се 609 субјекти. На „листата“ има помали претпријатија кои користат уреди за свои потреби, трговски субјекти што продаваат бела техника, компјутери и електронски уреди,  но и големи компании како Фершпед, Џонсон Мети, Тиквеш, Прилепска пиварница, Пивара Скопје, Ки Сејфти системс, Веибо ОДВ Елекрик, Макпетрол, Џонсон Контролс, Еколог и др.

За голем домашен апарат тие на еко-организациите им плаќаат  50 ден/кг; за  мал домашен апарат 80ден/кг;  понатаму 3) опрема за информатичка технологии и телекомуникација 60 ден/кг 3.1) монитор 70 ден/кг; 4) опрема на широка потрошувачка и забавна електроника 60 ден/кг 4.1) телевизиски апарати 90 ден/кг; 5) опрема за осветлување 80 ден/кг; 5.1) флуоресцентни, компактни и други сијалици 120 ден/кг 6) електричен и електронски алат 100 ден/кг; 7) електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт 100 ден/кг; 8) медицински апарати 100 ден/кг; 9) инструменти за следење и котрола 100 ден/кг и 10) автомати 50 ден/кг.

Но еко-организациите кои склучуваат договор со истите, според нивни проценки и критериуми, велат дека треба да има уште половина „производители“ во регистарот.

- Треба да има барем 1.200 субјекти за да биде комплетиран регистарот на издадени потврди за регистрација на производители со електрична и електронска опрема. Треба да се знае дали и на кој начин придонесуваат со расчистувањето на електричниот отпад оние кои не се евидентирани, бидејќи вака се создава нелојална конкуренција, особено кај трговците. Не е праведно едни да плаќаат, а другите не. Би требало надлежниот „Инспекторат“ и Министерството за животна средина да се погрижат повеќе за тоа - велат од еден колективен постапувач со отпад кој има добиено дозвола за постапување со отпадна опрема и реализираната добивка ја користи за исполнување на обврските.

Од Министерството за животна средина велат дека регистрираните плаќачи на надоместокот редовно се надополнува и потврдуваат дека засега половина од фирмите-увозници и другите субјекти се на „списокот“.

„ Производителите редовно се пријавуваат за раегистрација бидејќи не можат да добијат дозвола за увоз доколку не се регистрирани. „ Еко -такста“ согласно овој закон е дефинирана како „надоместок“. Производителите имаат право и обврска да се приклучат кон некој колективен постапувач и да го платат овој надоместок. Понатаму овој се користи од страна на колективните постапувачи за развивање на системот за управување со овој отпад. Околу 50% од регистрираните производители се вклучени во овој систем“, ни одговорија од Министерството за животна средина.

Пред неколку години кога започна спроведувањето на овој закон многу претпријатија се пожалија дека ќе поскапат уредите што ги продаваат во маркетите затоа што  на цената ќе се додаде издатокот кој ќе го земаат компаниите за собирање, складирање и рециклирање на електронскиот отпад.

На територијата на Република Македонија до 31 декември 2020 година, според овој закон, треба да се собере наjмалку 4 килограми годишно по жител отпадна опрема од дома-ќинствата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата