Нема да има Руски санкции против Белград поради гасната диверзификација
Објавено во: Балкан 31 Мај, 2015 18:53
Американскиот амбасадор во Белград, Мајкл Кирби не очекува да има последици за Србија поради нејзината одлука да прима американски гас од Азербејџан.
„Не очекувам такво нешто. Србија треба да добива гас од сите можни странски извори, кои се достапни, но и од домашните. Ова го вклучува и Азербејџан, ако тоа е можно, но и од Русија. Во иднина може да зема гас и од Северна Африка“, изјавил Кирби за белградското списание „Блиц“. Тој појаснил дека за „Србија е подобро да го диверзификува снабдувањето и поради оваа причина ги поддржува овие решенија“.
Како што е познато, вчера српскиот премиер Александар Вучиќ, по повод претстојната посета на САД прецизирал дека земјата е должна да го прошири снабдувањето со гас. Не треба да дозволиме во 2019 година да не знаеме од каде ќе зимаме гас, изјавил тој и појасни дека по 2019 година Србија нема да може да добива руски гас од Унгарија преку Берегово и тогаш ќе западне во тешка ситуација.
„Ние сме подготвени да прифатиме руски гас. Но сакам да ми кажете од каде ќе пристигне? Во Турција, Грција или Бугарија, кој ни го гарантира ова нешто, бидејќи е јасно за сите, дека нема да добиеме во Берегово“, изјавил Вучиќ.
Српскиот премиер смета дека земјата може да добива гас од Азербејџан 300 - 400 млн.куб / метри гас, што не е доволно за домашните потрошувачи и индустријата.
„Претстојната моја посета во САД во почетокот на јуни е многу важна за Србија. Таму ќе се сретнам со државници, бизнисмени, претставници на огромен број американски компании - Џенерал електрик, Фрипорт, Ен Си Ар и сите компании кои веќе инвестирале или планирале да инвестираат во Србија“, додал Вучиќ и соопштил дека ќе разговара со потпретседателот Џо Бајден и со сенаторот Џон Мекејн.
Се надевам дека ќе се сретнам и со помошник-државниот секретар Викторија Нуланд, додал уште српскиот премиер и ја оцени посетата на САД како „многу напната, но добра и важна за Србија“.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




