НЕМА ДА РАБОТАТ 15 ДЕНА: Се затвораат грчките ресторани, кината, театрите
Објавено во: Балкан 12 Март, 2020
Грција поради коронавирусот ги затвора судовите, кината, детските игралишта.
Надлежната комисија за справување со вирусот при Министерството за здравство одлучила во следните 15 дена да се затворат судовите, кината, театрите, ноќните клубови, фитнес центри, како и детските игралишта со лулашки.
Потврдени се вкупно 117 позитивни на коронавирусот, од кои 34 се хоспитализирани, а две лица, мајка и дете во Солун кои беа и првите заболени, денеска се пуштени од болница.
Во Грција е регистриран првиот смртен случај од новиот коронавирус, откако почина 66-годишниот маж кој во изминатите денови се наоѓаше во критична состојба.
Човекот бил дел од групата која на 27 февруари се врати од поклоничко патување во Израел и Египет.Со оваа жртва, на Балканот има троја починати од коронавирусот. Претходно, починаа жени во Албанија и Бугарија.
Во Италија веќе има над 800 жртви.
фото Ројтерс