„НЕМА ДЕЛО, СУДИЈКАТА ИМАЛА ВЕЌЕ ОФОРМЕНО МИСЛЕЊЕ ЗА МЕНЕ“: Боки 13 вели дека не е виновен за „Меѓународен сојуз“
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2025 09:57
Бев осуден по 9 години за „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, како масовен убиец, како терорист, вели осудениот за економски криминал и за рекет, Бојан Јовановски - Боки 13 во својот поткаст.
„И да сум сторил економски криминал, за кои јас денеска, и едниот и другиот случај ги негирам како дела, 9 + 9 не се запаметени“, вели Јовановски.
Вели дека нема да оди во затвор се уште, зошто не е правосилно осуден.
„Ова не е правосилна пресуда, ова е првостепена пресуда која има право на жалба. Имаме право на правни лекови кои се пред нас. Од таа причина ви велам, не одам во затвор, тука сум, функционален сум“, посочува Боки 13.
Обвинува за измислено обвинение од страна на поранешната обвинителска и шефица на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
„Битие на кривично дело, доказ, не постои. За да ги сториш овие дела, треба да имаш прво умисла и намера тоа да го сториш. Тука се велеше дека имаме „наводен проект“, а се покажа дека имаме реален проект. Потоа, дека се користени лажни факти, а тие се вистините факти - имаме милион докази кои и на првичната и во повторената постапка беа презентирани, но судот не ги ценеше. При укинувањето на пресудата, имаше конкретни напатствија, да се утврди кој е оштетен, но и дали обвинетите со така преземени дејствија ги исполниле битијата на опишаните кривични дела и дали има елементи за кривичен прогон“, рече Боки 13.
Рече дека и на повторената постапка судела истата судијка - Софче Гавривола Ефремова која судела и на првата постапка, а која на воведните зборови кажала дека има оформено мислење за него и дека побарала од експретседателот на Кривичен суд, Иван Џолев побарала да биде изземена затоа што имала оформено мислење.
„Замислете, таква судијка ти дава прво 9 години, а на повтореното судење дава 5 години. Зошто го сменила мислењето“, додаде тој.
Боки 13 вели дека немал никаква намера да ги оштети бизнисмените за што беше осуден, со став дека имал такви докази, кои обвинува дека судот не ги ценел. Смета дека судијата кој веќе еднаш го осудил, нема да донесе поинаква одлука поради суета.
„Пред судот беа презентирани моите комуникации со лицето Зоран Заев, кој директно со мене учествувал на темите старечки домови и работа на Меѓународен сојуз. Учествувал во активна работа и изнаоѓање решенија за „Меѓународен сојуз“. Сите бизнисмени беа во комуникација со политичарите“, тврди Јовановски.
Вчера, во повторената постапка за „Меѓународен сојуз“, сите осудени добија помали казни. Јовановски од првичните 9 години, доби 5 години затворска казна за „измама“ и „перење пари“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





